Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Лице од беровско приведено во Струмица, во неговото возило пронајдени дрога, оружје и муниција

24 мај 2026

МОН: Кирил и Методиј оставија траен белег врз духовниот, културниот и образовниот развој на словенските народи

24 мај 2026

Мачадо најави нова кандидатура за претседателка на Венецуела

24 мај 2026

Сали Бериша реизбран за лидер на албанските демократи

24 мај 2026

Левица најави иницијатива до Уставен за поништување на последните измени на Законот за минерални суровини

24 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 24
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Мачадо најави нова кандидатура за претседателка на Венецуела

Press OnlineBy Press Online24 мај 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Венецуелската опозициска лидерка и добитничка на Нобеловата награда за мир, Марија Корина Мачадо, синоќа изјави дека планира повторно да се кандидира на претседателските избори и дека има намера да се врати во Венецуела пред крајот на годината.

Мачадо ја даде изјавата за време на средбата со неколку други венецуелски опозициски лидери во Панама Сити, нешто повеќе од четири месеци по изненадувачката одлука на Белата куќа да се дистанцира од неа и да соработува со лојалистите на владејачката партија, по апсењето на тогашниот претседател Николас Мадуро.

Мачадо е во егзил од декември кога по 11 месеци криење во Венецуела, јавно се појави и замина за Норвешка, каде што ѝ беше врачена Нобеловата награда за мир.

Таа пред новинарите во Панама Сити изјави дека заедно со останатите опозициски лидери остануваат посветени на демократска транзиција „преку слободни и фер претседателски избори, на кои ќе гласаат сите Венецуелци во и надвор од земјата“.

Сѐ уште не е познато кога во Венецуела ќе бидат одржани претседателските избори.

Американскиот претседател Доналд Трамп и високи претставници на неговата администрација позитивно ја оценија наследничката на Мадуро – привремената претседателка Делси Родригез, која ја отвори венецуелската нафтена индустрија за американски инвестиции во период на раст на цените на нафтата, поврзан со војната со Иран.

Администрацијата на Трамп, исто така, ги забави преговорите за избори кои, според венецуелскиот устав, треба да се одржат во рок од 30 дена откако претседателот ќе стане „трајно неспособен“ за извршување на своите должности.

Мачадо изјави дека организирањето избори под демократски услови би траело меѓу седум и девет месеци. Според неа, неопходно е назначување неутрални изборни власти, ажурирање на избирачките списоци и овозможување опозициските кандидати слободно да учествуваат на изборите, без мешање од власта.

Во последните години Мачадо се наметна како најсилен противник на Мадуро, но владата ѝ забрани да се кандидира на претседателските избори во 2024 година, по што таа го избра пензионираниот амбасадор Едмундо Гонсалес Урутија да ја претставува на изборите.

Властите лојални на владејачката партија го прогласија Мадуро за победник неколку часа по затворањето на избирачките места, но добро организираната кампања на Мачадо собра докази дека Гонсалес го победил Мадуро со повеќе од двојна разлика.

Таа вчера изјави дека ќе се кандидира против кој било претседателски кандидат, со надеж за „беспрекорни избори“.

– Јас ќе бидам кандидат, но секако може да има и многу други. Со задоволство би се натпреварувала со секого – со секој што сака да биде кандидат, рече Мачадо. 

Поврзани содржини

Најмалку 24 загинати во експлозија на воз во Пакистан

24 мај 2026

Полска ја активираше воената авијација поради жестоките руски напади врз Украина

24 мај 2026

Трагедија во Кина, повеќе од 80 загинати во експлозија на гас во рудник за јаглен (видео)

24 мај 2026
НАЈНОВО

Лице од беровско приведено во Струмица, во неговото возило пронајдени дрога, оружје и муниција

24 мај 2026

МОН: Кирил и Методиј оставија траен белег врз духовниот, културниот и образовниот развој на словенските народи

24 мај 2026

Мачадо најави нова кандидатура за претседателка на Венецуела

24 мај 2026

Сали Бериша реизбран за лидер на албанските демократи

24 мај 2026

Левица најави иницијатива до Уставен за поништување на последните измени на Законот за минерални суровини

24 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.