Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Лице од беровско приведено во Струмица, во неговото возило пронајдени дрога, оружје и муниција

24 мај 2026

МОН: Кирил и Методиј оставија траен белег врз духовниот, културниот и образовниот развој на словенските народи

24 мај 2026

Мачадо најави нова кандидатура за претседателка на Венецуела

24 мај 2026

Сали Бериша реизбран за лидер на албанските демократи

24 мај 2026

Левица најави иницијатива до Уставен за поништување на последните измени на Законот за минерални суровини

24 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 24
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Сали Бериша реизбран за лидер на албанските демократи

Press OnlineBy Press Online24 мај 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

По принципот „еден член, еден глас” Сали Бериша е реизбран за лидер на најголемата албанска опозициска партија, Демократската.

Според синоќа објавените резултати од гласањето, правото го оствариле 39.441 демократи, од нив, 38.902 се важечки, додека 539 се неважечки гласови. Од важечките гласови, поддршка за Бериша дале 37.341, 1.055 биле „против“ и 506 воздржани.

Гласањето е спроведено во 87 гласачки места, во 77 општински организации на партијата.

 Единствен кандидат беше Бериша откако партиската комисија за  избори отфрли пет други кандидатури.

Победата беше прославена со огномет пред седиштето на партијата. Старо новиот лидер се заблагодари на сите без разлика дали го дале гласот за него или не. Ги повтори обвинувањата за премиерот Еди Рама и неговата, како што ја нарекува нарковласт, продолжување на протестите до негово соборување, формирање техничка влада и спроведување слободни избори.

Бериша(82) беше премиер на Албанија од 2005 до 2013, и повторно од 1997 до 2013 година, кога по поразот на изборите се повлече и на негово место по негов предлог дојде Љуљзим Баша. По меѓусебните несогласувања  во 2021 година Бериша, со приврзаниците насилно го запоседнаа седиштето на партијата а потоа и судот го потврди како претседател.

Беше премиер на Албанија од 2005 до 2013 и шеф на државата од 1992 до 1997 година, кога беше принуден да даде оставка по познатите немири кои ја зафатија земјата.

Во мај 2021 година САД го прогласија за непожелен поради вмешаност во корупција а во јуни истата година тоа го направи и Велика Британија. /МИА

Поврзани содржини

Вучиќ се јави од Кина: Можеби наскоро ќе поднесам оставка

24 мај 2026

Протестот во Белград заврши, инциденти во Пионерскиот парк, интервенира полицијата

23 мај 2026

Експлозии, топовски удари: Во Белград се судрија полицијата и дел од демонстрантите

23 мај 2026
НАЈНОВО

Лице од беровско приведено во Струмица, во неговото возило пронајдени дрога, оружје и муниција

24 мај 2026

МОН: Кирил и Методиј оставија траен белег врз духовниот, културниот и образовниот развој на словенските народи

24 мај 2026

Мачадо најави нова кандидатура за претседателка на Венецуела

24 мај 2026

Сали Бериша реизбран за лидер на албанските демократи

24 мај 2026

Левица најави иницијатива до Уставен за поништување на последните измени на Законот за минерални суровини

24 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.