Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Филипче: Буџетот е пред колапс, нема пари за поголеми плати, пензии, нема за мерки

24 мај 2026

Унгарија го забрани увозот на земјоделски производи од Украина

24 мај 2026

СДСМ обвинува: Тендерот за автобуси пропадна бидејќи бил местен за 12 милиони евра поскапа понуда

24 мај 2026

Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија

24 мај 2026

„Времето не е во корист на Русија“: Загубите на бојното поле и економските болки го зголемуваат притисокот врз Путин, вели шефот на европска разузнавачка служба

24 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 24
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

СДСМ обвинува: Тендерот за автобуси пропадна бидејќи бил местен за 12 милиони евра поскапа понуда

Press OnlineBy Press Online24 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Антикорупцискиот тим (АКТ) на СДСМ денеска обелодени наводен нов скандал поврзан со набавката на 150 нови автобуси за Скопје. Членот на Извршниот одбор на партијата, Јон Фрчкоски, на прес-конференција обвини дека тендерот пропаднал затоа што власта се обидела да го намести за компанија која понудила за 12 милиони евра повисока цена од конкуренцијата.

Според Фрчкоски, преземањето на надлежностите за набавка на автобусите од страна на Министерството за транспорт немало за цел да се реши проблемот со јавниот превоз во главниот град, туку да се избере однапред договорена фирма, која тој ја поврза со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тој пред медиумите презентираше и официјална претставка до Министерството, која, како што тврди, укажува на координиран чин за елиминирање на другите понудувачи.

„Иако основниот критериум бил најниска цена, се избрал поскап понудувач. Разликата е шокантна: постоела понуда која е поевтина за 12 милиони евра, односно точно 78.563 евра по автобус“, изјави Фрчкоски, додавајќи дека надлежните биле писмено предупредени за оваа поевтина понуда во неколку наврати, уште во ноември 2024 и декември 2025 година.

Од СДСМ тврдат дека тендерот не бил поништен поради реакција на институциите, туку затоа што инволвираните биле „фатени на дело“. Случајот, како што информираше Фрчкоски, го презел американскиот адвокатски тим „The Ticktin Law Group“, кој најавил дека за овој наводен меѓународен скандал ќе ги извести Белата куќа, Стејт департментот и Американската амбасада во Скопје. Според опозициската партија, токму стравот од меѓународен притисок довел до набрзина поништување на тендерот.

На крајот од прес-конференцијата, СДСМ побара итна истрага од надлежните институции за да се утврди кој се обидел да го оштети буџетот за 12 милиони евра и побара целосна кривична одговорност за инволвираните.

Поништена e јавната набавка на 150 електрични автобуси и 75 електрични полначи

Министерство за транспорт вчера кратко и без образложение преку соопштение  информираше дека Државната комисија по жалби за јавни набавки, по службена должност донела решение за поништување на јавната набавка за електрични автобуси и електрични полначи.

Од Министерството посочуваат дека согласно своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе биде објавена согласно законските прописи и во најбрз можен рок.

Јавниот повик за набавка на 150 електрични автобуси и 75 полначи беше објавен на 27 февруари годинава.

Министерството за транспорт, тогаш соопшти дека по извршената евалуација на понудите, избрана е заедничката понуда на унгарската компанија „Електробус – Икарус“ и австриската „ЕВН“ за набавка на 150 еколошки електрични автобуси и 75 станици за полнење. Компанијата „Икарус“ требаше да ги достави електричните автобуси, а компанија ЕВН станиците за полнење.

Поврзани содржини

Филипче: Буџетот е пред колапс, нема пари за поголеми плати, пензии, нема за мерки

24 мај 2026

Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија

24 мај 2026

Министерството за транспорт со демант до СДСМ: Тендерот за автобуси не е местен, бараме јавно извинување или следи тужба

24 мај 2026
НАЈНОВО

Филипче: Буџетот е пред колапс, нема пари за поголеми плати, пензии, нема за мерки

24 мај 2026

Унгарија го забрани увозот на земјоделски производи од Украина

24 мај 2026

СДСМ обвинува: Тендерот за автобуси пропадна бидејќи бил местен за 12 милиони евра поскапа понуда

24 мај 2026

Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија

24 мај 2026

„Времето не е во корист на Русија“: Загубите на бојното поле и економските болки го зголемуваат притисокот врз Путин, вели шефот на европска разузнавачка служба

24 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.