Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

МОН: Кирил и Методиј оставија траен белег врз духовниот, културниот и образовниот развој на словенските народи

24 мај 2026

Мачадо најави нова кандидатура за претседателка на Венецуела

24 мај 2026

Сали Бериша реизбран за лидер на албанските демократи

24 мај 2026

Левица најави иницијатива до Уставен за поништување на последните измени на Законот за минерални суровини

24 мај 2026

Најмалку 24 загинати во експлозија на воз во Пакистан

24 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 24
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Сиљановска-Давкова: Кирил и Методиј го изградија темелот на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, меѓу кои и на македонскиот

Press OnlineBy Press Online24 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



– Кирил и Методиј го изградија и се вградија во темелот на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, меѓу кои и на македонскиот. Нивниот подвиг не се состои само во создавањето на азбуката, туку и во отворањето на можноста човекот да ги артикулира својата мисла, вера и културна самосвест на јазикот што го разбира, нагласува претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова во честитката по повод Денот на светите браќа Кирил и Методиј.

– Нивното благословено и благородно дело и денес има обединувачка моќ и се смета за заедничко историско и цивилизациско наследство.
Колку ли благодарни треба да им бидеме за сеуште живото и почитувано слово, без кое, ниту оние пред нас, ниту ние, не ќе можевме да ги разбереме богослужбените книги, ниту да читаме, учиме, пишуваме и твориме, односно да се просветуваме и просветлуваме, прашува претседателката Сиљановска-Давкова.

Во време на неизвесност, длабоки поделби и се поизразена отуѓеност, порачува претседателката на државата, денешниот ден не потсетува дека без култура, образование и наука, но и без вредносен систем, ниту едно општество не може да изгради меѓусебна доверба и заедништво.

– Нивниот подвиг не се состои само во создавањето на азбуката, туку во отворањето можност словенскиот човек, сопствената мисла, вера и културна самосвест да ги артикулира на јазикот што го разбира и чувствува како близок и свој, борејќи се за него и бранејќи го. Јазикот не е само збир на зборови, туку и колективна меморија, вредносен код и чувство на припадност што еден народ ги пренесува низ времето, од генерација на генерација, вели Сиљановска-Давкова.



Поврзани содржини

МОН: Кирил и Методиј оставија траен белег врз духовниот, културниот и образовниот развој на словенските народи

24 мај 2026

Левица најави иницијатива до Уставен за поништување на последните измени на Законот за минерални суровини

24 мај 2026

(Видео) Два зајаци станаа интернет хит: „Тепачка“ снимена во гостиварско Куново

24 мај 2026
НАЈНОВО

МОН: Кирил и Методиј оставија траен белег врз духовниот, културниот и образовниот развој на словенските народи

24 мај 2026

Мачадо најави нова кандидатура за претседателка на Венецуела

24 мај 2026

Сали Бериша реизбран за лидер на албанските демократи

24 мај 2026

Левица најави иницијатива до Уставен за поништување на последните измени на Законот за минерални суровини

24 мај 2026

Најмалку 24 загинати во експлозија на воз во Пакистан

24 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.