Полицијата употреби гумени куршуми и солзавец за да ги отстрани од седиштето на главната опозициска партија Нардона републиканска партија (ЦХП) поддржувачите на поранешниот претседател на партијата, Озгур Озел, кои се барикадираа во зградата неколку дена.
Членовите на партијата ги блокираа влезовите на зградата спротивно на судската наредба издадена во четврток како дел од истрагата за ЦХП.
На 21 мај, Апелациониот суд во Анкара пресуди да го поништи 38-от конгрес на партијата во 2023 година, а како последица на тоа, отстранувањето на Озел од функцијата и враќањето на претходниот лидер на ЦХП, Кемал Киличдароглу.
Одлуката се базираше на фактот дека гласањето за избор на раководството наводно нило обележано со мито и ветувања за други бенефиции за делегатите. ЦХП поднесе жалба против мерката до Високата изборна комисија, Врховниот касационен суд и Апелацискиот суд во Анкара. Апелациониот суд и Високата изборна комисија ја отфрлија жалбата.
Во неделата, тимот на Кемал Киличдароглу беше внесен во седиштето со помош на полицијата. Полицијата за немири упадна во зградата низ влезот на паркингот.
Хјуман рајтс воч предупреди дека владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган ги поткопува демократските институции преку „репресивни тактики“ против опозицијата.
Турските медиуми кои ги покриваа настаните околу седиштето на ПКК објавија дека пред да замине, Озел го искинал известувањето што го добил да го напушти седиштето и ја напуштил својата канцеларија.
По напуштањето на зградата, Озел, цитиран од опозициските весник „Џумхуриет, им се обратил на своите поддржувачи.
„Драги пријатели, членовите на мојата партија и јас се обидуваме да го правиме она што е исправно. Се бунтуваме против сојузот на оние кои сакаат да ја преземат партијата на (Мустафа Кемал) Ататурк и оние кои сакаат да ја предадат. Им рековме да не бидат цел на планот за предавање на партијата на Партијата за правда и развој (АКП, владејачката партија во Турција на претседателот Реџеп Таип Ердоган) поради нивните лични амбиции и нивната неспособност да го прифатат поразот, но не можевме да ги натераме да послушаат. Заминувам со намера да се вратам“, рече тој
Потоа, група поддржувачи на Озел се придружија на протестниот марш до турскиот парламент. Додека толпата се приближуваше кон парламентот, избувнаа судири со полицијата.
Бројни полициски екипи се распоредени на патот кон парламентот и формираат тесен кордон. Според медиумите, Киличдароглу сè уште не отишол во својата канцеларија во седиштето. Голема група негови симпатизери моментално се таму, а тензијата што започна наутро продолжува.
Сменетиот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е член на ЦХП, во порака на социјалните мрежи изјави дека „процесот (во ХДП моментално) е „дворски преврат “ и дека „денес е денот да се зачува и заштити националната волја, националниот суверенитет, нашето единство и солидарност“, објави весникот „Биргун“.
ЦХП е опседната со истраги и апсења две години откако победи на локалните избори во турската престолнина во 2024 година. Минатата година, градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, беше уапсен за „корупција“ и приведен истиот ден кога беше номиниран за кандидат за следните претседателски избори, закажани за 2028 година.
Имамоглу, кој е обвинет за водење огромна криминална мрежа опишана како „октопод“, што тој го негира, се соочува со 142 обвиненија и може да биде осуден на до 2.430 години затвор.

