Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Панче Тошковски најавува „шок“ во предметот „Мазут“

25 мај 2026

Иран се согласи да го пренесе збогатениот ураниум во Кина

25 мај 2026

Видео: Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе

25 мај 2026

Неможам да кажам зошто МВР не дала снимки од видеонадзорот и зошто ЈО оди со детали во јавност вели Тошковски за 360 и „фрли“ сомнеж врз обвинителот

25 мај 2026

Тревога за ебола во Италија: Два сомнителни случаи по враќањето од Уганда

25 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 25
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Зошто ОЈО ГОКК се жали дека МВР не одговара на наредбата за случајот со надзорот над „Бехтел и Енка“ – прашање до Тошковски

Press OnlineBy Press Online25 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



За разлика од обвинителството кое прави работи коишто не треба да ги прави, јас не сакам да си дозволам да влезам во фаза каде што навистина би направил нешто што не треба да се направи – рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на новинарско прашање зошто Министерството за внатрешни работи, според ОЈО ГОКК, не одговара на наредбата и ургенциите од ОЈО ГОКК во случајот со јавната набавка за надзорот над изградбата на автопатиштата од „Бехтел и Енка“.

Иако станува збор за наредба што Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја испратило уште во 2024 година, Тошковски вели оти е важно да се види кој обвинител работи на овој случај. Но, на новинарско прашање дали е легитимно да се праша зашто ако ВМРО-ДПМНЕ од опозиција ветуваше расчистување на овој случај, сега МВР не постапува по наредбата на ОЈО ГОКК, министерот вели дека е важно институциите да бидат транспарентни, притоа поставувајќи ја тезата дека, според него, неслучајно името на истиот обвинител се појавува во неколку случаи што се актуализираат сега.

„Во рамки на една предистражна, истражна постапка, согласно одредбите на Законот за кривична постапка, ‘Dominus Litis’, значи оној главниот којшто дава наредби, презема дејствија, има свој истражувачки тим кај него во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, е јавниот обвинител. Тој е тој што ја води истрагата. Тој е тој што дава наредби. Тој е тој што презема дејствија. Тој е тој што вели сега отпочнуваме истражна постапка. Тој е тој што вели сега влегуваме во постапка за барање за определување мерки за обезбедување присуство на обвинет… Тој е тој што бара притвор, тој е тој што поднесува обвинение“, рече Тошковски.

На прашањето дали МВР нема капацитет да одговори на наредбата на ОЈО ГОКК, Тошковски рече оти не може да се измести тезата дека неговиот ресор е оној што е главен во постапката, туку обратно, иако наредбата е издадена на 16 септември 2024 година, а ВМРО-ДПМНЕ е на власт повеќе од речиси две години.

„Јас не велам дека предметот не се работи. Јас не велам дека предметот не е во фаза на изготвување на документација врз основа на којашто јавниот обвинител ќе може да влече соодветни заклучоци за понатамошните чекори во постапката. Доставени се анализи до јавното обвинителство коишто се поврзани со дел од истрагата, не се финализирани согласно она коешто го имам како информација. Но факт е дека и тоа како треба се работи на зајакнување на капацитети како во Јавното обвинителство така и во Министерството за внатрешни работи“,вели тој.

Тошковски вели оти суштината е во тоа што три случаи за кои бил прашан во интервјуото се поврзани со истиот обвинител.

360°: Министре, кога на информацијата дека МВР доцни, еве, ајде, нема да кажам не постапува, доцни со одговорот на наредбата на ОЈО ГОКК, ќе се додаде информацијата дека во меѓувреме во таа фирма се сменила сопственичката структура…

Тошковски: Во која фирма?

360°: Во таа за долна облека („Електра солушнс“, н.з.). Се сменила сопственоста. И сега личи како некој друг да се вградил таму. И кога ќе додадете на тоа дека МВР не постапува, личи како власта да не сака да се расчисти овој случај.

Тошковски: Ама зошто МВР не постапува? Како… од каде дојде заклучокот дека МВР не постапува?

360°: ОЈО ГОКК вели „ургенции праќаме, не ни одговараат“.

Тошковски вели оти за разлика од Обвинителството, кое прави работи што не треба да ги прави, тој не сака да си дозволи да влезе во фаза каде што би направил нешто што не треба.

Инаку, фирмата со најголем удел во надзорот (предводен од италијанската „ИРД“) го сменила своето име од „Електра солушнс“ во „Аксион“, а во сопственичката структура, без надомест, влегло лицето Бојан Савески. Тој е присутен во компаниите на мнозинскиот сопственик – семејството Ампови, од 2021 година, но претходно, меѓу другото, бил советник во Општина Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од 2009 до 2013 година и своевремено претседател на месен комитет на партијата во истата општина. Савески за „360 степени“ рече дека одлуката за негов влез во сопственичката структура е донесена исклучиво врз основа на доверба, професионален капацитет, оперативно управување и придонес во развојот на компанијата.



Поврзани содржини

Панче Тошковски најавува „шок“ во предметот „Мазут“

25 мај 2026

Видео: Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе

25 мај 2026

Неможам да кажам зошто МВР не дала снимки од видеонадзорот и зошто ЈО оди со детали во јавност вели Тошковски за 360 и „фрли“ сомнеж врз обвинителот

25 мај 2026
НАЈНОВО

Панче Тошковски најавува „шок“ во предметот „Мазут“

25 мај 2026

Иран се согласи да го пренесе збогатениот ураниум во Кина

25 мај 2026

Видео: Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе

25 мај 2026

Неможам да кажам зошто МВР не дала снимки од видеонадзорот и зошто ЈО оди со детали во јавност вели Тошковски за 360 и „фрли“ сомнеж врз обвинителот

25 мај 2026

Тревога за ебола во Италија: Два сомнителни случаи по враќањето од Уганда

25 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.