Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Претседателот на Албанија отиде на аџилак

26 мај 2026

Албанскиот претседател Бегај пристигна во Џеда на аџилак

26 мај 2026

СДСМ: ВМРО од Македонија прават слепо црево на Балканот, црна точка на Европа

26 мај 2026

Додека трае примирјето и преговорите САД го нападнаа Иран со ракети

26 мај 2026

Автомобил се преврте на штипската улица „Панче Караѓозов“, по што заврши во двор на една од куќите

26 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 26
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Неодговорно и спротивно на вредностите на ЕУ – Жестока реакција на Дорис Пак до Бугарија за односот кон Македонија

Press OnlineBy Press Online26 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Германската политичарка и долгогодишна поранешна европратеничка Дорис Пак упати остра критика кон новата бугарска влада и нејзиниот однос кон Македонија, оценувајќи го како неодговорен и спротивен на европските



Пак реагира во коментар на ставот на поранешниот германски министер за Европа, Михаел Рот, кој остро ја критикува Бугарија поради нејзиниот однос кон Македонија и блокадата на нејзиниот европски пат.

 

„Глупавото попречување на патот на Македонија кон Европската унија од страна на Бугарија е неодговорно и мора веднаш да престане. Тоа ја ослабува ЕУ, го дестабилизира Западен Балкан и им користи единствено на Русија, Кина и другите авторитарни актери. Новата бугарска влада треба да се засрами“, напиша Рот на платформата „X“

 

„Ова е неодговорно и не е во согласност со нашите вредности! Во актуелната ситуација во Европа и светот, повеќе од кога било досега мораме да стоиме заедно и да не создаваме проблеми со нашите соседи. Бугарија го правеше тоа премногу долго со Македонија, доволно е веќе – во интерес на сите нас“, напиша Дорис Пак.

 

Изјавата на Пак доаѓа непосредно по формирањето на новата бугарска влада под Руман Радев и првите изјави на новата министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова.

 

Таа на средбата со македонскиот министер Тимчо Муцунски и во јавните настапи во Брисел повторно ја потенцираше бугарската позиција дека Македонија мора строго да се придржува кон договорот од 2022 година, вклучително и уставните измени и други обврски, предупредувајќи дека во спротивно ризикува да ја пропушти можноста за напредок во ЕУ.

 

Пак, која е позната како силен поддржувач на европската интеграција на Западен Балкан, повикува на итна деескалација.

 

Пак нагласува дека во време на војна во Украина и зголемени геополитички ризици, земјите од регионот мораат да работат заедно, а не преку нови или продолжени билатерални блокади кои го забавуваат патот кон Европската Унија.

 

„Доволно е веќе“, порачува Пак, јасно ставајќи го акцентот дека долготрајното блокирање и условувањето од бугарска страна станале контрапродуктивни и штетни за интересите на целиот регион и Европа



Поврзани содржини

Претседателот на Албанија отиде на аџилак

26 мај 2026

СДСМ: ВМРО од Македонија прават слепо црево на Балканот, црна точка на Европа

26 мај 2026

Автомобил се преврте на штипската улица „Панче Караѓозов“, по што заврши во двор на една од куќите

26 мај 2026
НАЈНОВО

Претседателот на Албанија отиде на аџилак

26 мај 2026

Албанскиот претседател Бегај пристигна во Џеда на аџилак

26 мај 2026

СДСМ: ВМРО од Македонија прават слепо црево на Балканот, црна точка на Европа

26 мај 2026

Додека трае примирјето и преговорите САД го нападнаа Иран со ракети

26 мај 2026

Автомобил се преврте на штипската улица „Панче Караѓозов“, по што заврши во двор на една од куќите

26 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.