Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Таравари вечерва во „Клик Плус“: Проблемот на проблемите на Албанците во Македонија се Рама и Курти

27 мај 2026

Бројот заразени со хантавирусот се искачи на 13

27 мај 2026

Млада жена повредена додека работела во фабрика во Пробиштип

27 мај 2026

Обвинет за Пулс фотографирал доказен материјал и го споделувал со профили – Обвинуваат семејствата на загинатите

27 мај 2026

Украински генерал: Следните шест месеци ќе се случи пресвртница во војната

27 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, мај 27
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

ТВ24: МВР се уште не ги доставиле на Обвинителството видеоснимките од надзорните камери за “шпионската афера“ во Вила Водно

Press OnlineBy Press Online27 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


МВР се уште не ги доставиле видеоснимките од надзорните камери од претседателскиот кабинет клучни во истрагата за шпионската афера во Вила Водно, потврдија од ОЈО ГОКК за Телевизија 24. Повторуваат дека истрагата ја отвориле кон крајот на минатата година поради анонимна кривична пријава потпишана од „група вработени во МВР“, во која се тврди дека постојат сомнежи за копирање, користење и праќање на податоци од претседателскиот кабинет кај странски служби.



ОЈО ГОКК: Нема ништо ново во предистрагата за шпионската афера. Видеоснимките не се доставени.

Телевизија 24 испрати прашања и до МВР за тоа кога ќе ги достават доказите до Обвинителството за гонење на организиран криминал но оттаму не добивме одговор. Освен видеоснимките, МВР до ОЈО ГОКК треба да ги достави и резултатите од анализата на податоците што биле прибрани од компјутерската опрема во Вила Водно.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во телевизиско гостување пред неколку дена не даде конкретен одговор кога видеоснимките ќе бидат доставени до ОЈО ГОКК но рече дека е изненаден од начинот на кој се споделуваат информациите со јавноста. Според него, деталите од предистрагата не треба да се споделуваат со јавноста.

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова во телевизиско гостување рече дека безбедноста е на највисоко ниво и дека нема логичен основ за шпионажа.

Во анонимната кривична пријава поднсена од вработени од МВР се посочува дека под сомнение е ИТ-администратор во Кабинетот на претседателката, кој според пријаавта се осомничи дека копирал, енкриптирал и складирал доверливи податоци и бил поврзан со странска разузнавачка служба. Во пријавата се набројани и други функционери од Кабинетот и од Агенцијата за разузнавање, за кои имало сомнежи дека учествувале во прикривање на доказите, а се посочуваат и високи владини функционери.



Поврзани содржини

Таравари вечерва во „Клик Плус“: Проблемот на проблемите на Албанците во Македонија се Рама и Курти

27 мај 2026

Млада жена повредена додека работела во фабрика во Пробиштип

27 мај 2026

Обвинет за Пулс фотографирал доказен материјал и го споделувал со профили – Обвинуваат семејствата на загинатите

27 мај 2026
НАЈНОВО

Таравари вечерва во „Клик Плус“: Проблемот на проблемите на Албанците во Македонија се Рама и Курти

27 мај 2026

Бројот заразени со хантавирусот се искачи на 13

27 мај 2026

Млада жена повредена додека работела во фабрика во Пробиштип

27 мај 2026

Обвинет за Пулс фотографирал доказен материјал и го споделувал со профили – Обвинуваат семејствата на загинатите

27 мај 2026

Украински генерал: Следните шест месеци ќе се случи пресвртница во војната

27 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.