Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Зеленски му прати итно писмо на Трамп: „Ситуацијата е критична. Ве молам, помогнете“

27 мај 2026

ТВ24: МВР се уште не ги доставиле на Обвинителството видеоснимките од надзорните камери за “шпионската афера“ во Вила Водно

27 мај 2026

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација

27 мај 2026

Унгарскиот премиер Петер Маѓар ја преполови својата плата

27 мај 2026

Внимавајте како сте облечени кога одите по пасош или лична карта – МВР воведува кодекс за облекување за граѓаните и вработените

27 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, мај 27
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Јаневска: Годинава и електронски и печатени свидетелства за прво, второ и трето одделение

Press OnlineBy Press Online27 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерката за образование Весна Јаневска денеска потврди дека годинава свидетелствата за прво, второ и трето одделение ќе бидат електронски, но, со оглед дека прв пат се издаваат во ваква форма, паралелно ќе се доделат, како што изјави, и печатени.



Според Јаневска, идната година ќе има електронски свидетелства и за четврто, петто и шесто одделение, а во 2028-ма процесот ќе биде заокриужен вклучително и со деветто одделение.

-Од оваа година воведуваме електронски свидетелства од прво до трето одделение. Со оглед дека е прва година ќе има и печатени свидетелства, зашто очекуваме наставниците да се прилагодат на новите електронски свидетелства, што ќе биде огромно олеснување за нив. Наместо да пишуваат на рака свидетелства, тие ќе можат на компјутер да ги пополнат свидетелствата — ем побрзо, ем поефикасно, ем без грешки, зашто податоците се влечат од е-дневник. И оваа година одиме паралелно, од догодина ги додаваме новите три одделенија — четврто, петто и шесто и од догодина ќе одиме само со електронски свидетелства, за третата година да го завршиме и деветто. Со нив заштедуваме на хартија, намалуваме загадување, ја олеснуваме работата на наставниците и, дополнително, системот за упис во средно ќе ги влече податоците од самите училишта. Тоа е релативно голем напредок за работата, односно за дигитализација на процедурите во училиштата и погодност и за наставниците, и за родителите, и за учениците, рече Јаневска.

На прашањето до каде е законот за високо образование, министерката повтори дека трите закони, за високо образование, за обезбедување квалитет во високото образование и за научно-истражувачка дејност, мора да одат во пакет.

-Законодавство заврши два закона. Има забелешки кои не се суштински, но се повеќе од правен и номотехнички аспект. И ние сега, тоа се вика усогласување, ги прифаќаме или не ги прифаќаме. Сметам дека она што го видов не е проблем да ги прифатиме сите. Законот за наука сѐ уште се обработува, но јас очекувам во текот на идната недела комплетно да бидеме усогласени. Тоа е веќе владина процедура. И штом се усогласиме со законодавство, значи ја имаме последната верзија, таа ќе оди на владина седница, истакна Јаневска пред потпишувањето Меморандум за соработка на Градежниот и Економскиот факултет со два германски универзитета во областа на циркуларната економија

Поврзани содржини

ТВ24: МВР се уште не ги доставиле на Обвинителството видеоснимките од надзорните камери за “шпионската афера“ во Вила Водно

27 мај 2026

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација

27 мај 2026

Внимавајте како сте облечени кога одите по пасош или лична карта – МВР воведува кодекс за облекување за граѓаните и вработените

27 мај 2026
НАЈНОВО

Зеленски му прати итно писмо на Трамп: „Ситуацијата е критична. Ве молам, помогнете“

27 мај 2026

ТВ24: МВР се уште не ги доставиле на Обвинителството видеоснимките од надзорните камери за “шпионската афера“ во Вила Водно

27 мај 2026

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација

27 мај 2026

Унгарскиот премиер Петер Маѓар ја преполови својата плата

27 мај 2026

Внимавајте како сте облечени кога одите по пасош или лична карта – МВР воведува кодекс за облекување за граѓаните и вработените

27 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.