Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Сива демографска слика за ЕУ: Бројот на население ќе се намали за 11,7 отсто до 2100 година

27 мај 2026

Левица: Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на „Бехтел и Енка“

27 мај 2026

За Еди Рама не е проблем ако Албанија нема право на вето во ЕУ

27 мај 2026

Честитка од Филипче за Курбан Бајрам: Силата е во хуманоста и подготвеноста заеднички да ги надминеме предизвиците

27 мај 2026

Исланд оди кон ЕУ или кон „Брегзит“ со референдумот?

27 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, мај 27
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Истражување: Половина од Грците не планираат да одат на одмор годинава

Press OnlineBy Press Online27 мај 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Само еден од двајца анкетирани планираат да одат на одмор годинава, осум од десет одбираат поекономични типови одмор (викендички, изнајмени соби), додека пак мнозинството ја одбираат континентална Грција, за да ги избегнат трошоците за траекти, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од грчкиот Институт за истражување на малопродажба на стоки за широка потрошувачка (ИЕЛКА), јави дописничката на МИА од Атина.

Од анкетираните, 50 отсто одговориле дека не планираат летен одмор, а од останатите, 34 проценти рекле дека нивниот одмор ќе биде ограничен, 14 отсто ќе патуваат како и секоја година, а само два проценти од анкетираните планираат да одморат повеќе денови од обично.

Најголемиот дел (42 проценти) од оние кои планираат одмор, очекуваат да трае од четири до седум дена, а за 29 отсто од осум до 14 дена.

Во однос на тоа каде ќе го поминат одморот, мнозинството избираат престој во викендички, во нивните (35 отсто) или во викендичките на други лица (18 проценти) или во изнајмени приватни апартмани и соби (35 отсто), 14 проценти ќе одбере хотели, а само девет отсто од анкетираните ќе заминат во странство.

– Генерално, се забележува тенденција грчките граѓани да избираат поекономични решенија за одмор со цел да заштедат пари за да можат да реализираат некое патување или да го продолжат времетраењето на одморот. Поскапите опции, како „all inclusive“ хотели и крстарења, бележат исклучително ниски проценти, пишува во истражувањето.

Во однос на дестинациите, речиси шест од десет анкетирани ја одбираат континентална Грција, особено крајбрежните области, а 38 отсто ги одбираат островите.

– Резултатите покажуваат јасно насочување кон домашни и подостапни дестинации и избегнување на трошоците за траект, посочуваат од ИЕЛКА.

Според истражувањето, најголемо негативно влијание врз годишните одмори имаат намалените приходи (62 отсто) и зголемените трошоци за патување, односно зголемената цена на билетите (62 проценти), високите цени во угостителските објекти (57 отсто) и зголемените трошоци за сместување (46 отсто).

– Општо земено, резултатите покажуваат јасен тренд на штедење за време на летните одмори, генерално како резултат на намалениот расположлив приход и зголемените трошоци за превоз, сместување и храна. Овој тренд се изразува преку редовно подготвување оброци во местото на престој, избегнување трошоци за ресторани и интензивно купување храна од супермаркети, пекари, продавници за овошје и зеленчук и други локални бизниси, објаснуваат од Институтот.

Истражувањето било спроведено во текот на мај со учество на 700 потрошувачи од цела Грција и опфатило повеќе прашања поврзани летните одмори. 

Поврзани содржини

За Еди Рама не е проблем ако Албанија нема право на вето во ЕУ

27 мај 2026

Планот на Трамп за Балканот: Како американските приватни интереси ја изолираат Европа

27 мај 2026

Албанскиот претседател Бегај пристигна во Џеда на аџилак

26 мај 2026
НАЈНОВО

Сива демографска слика за ЕУ: Бројот на население ќе се намали за 11,7 отсто до 2100 година

27 мај 2026

Левица: Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на „Бехтел и Енка“

27 мај 2026

За Еди Рама не е проблем ако Албанија нема право на вето во ЕУ

27 мај 2026

Честитка од Филипче за Курбан Бајрам: Силата е во хуманоста и подготвеноста заеднички да ги надминеме предизвиците

27 мај 2026

Исланд оди кон ЕУ или кон „Брегзит“ со референдумот?

27 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.