Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Тошковски: Левица станува најкорисниот сојузник на СДСМ и ДУИ

28 мај 2026

Пеколно дно на руската тактика во Украина – ползат со километри низ цевки и живеат 10 минути откако ќе излезат

28 мај 2026

Нов Клинички центар нема да ни треба ако добро го организираме здравстениот систем, рече директорот на ФЗО

28 мај 2026

Тошковски си се испофали: МВР по многу години има министер што е „нормален“!

28 мај 2026

Многу замки околу „придружно членство“ за Украина

28 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, мај 28
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Хрисохоидис: За новиот систем на границите добив поплаки од моите колеги од Северна Македонија и Србија, но за жал мора да се имплементира

Press OnlineBy Press Online28 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Многу ми е жал, но треба да ја имплементираме европската легислатива, бидејќи Европската комисија инсистира на целосна примена, посочи министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис говорејќи за системот за биометриска регистрација на државјани на трети земји на граничните премини и нагласи дека за ЕЕС системот „добил поплаки од неговите колеги од Северна Македонија и Србија“, јави дописничката на МИА од Атина.



Министерството за заштита на граѓаните е надлежно за полицијата во Грција, како и за контролите на граничните премини, а од Халкидики, каде што одржа состанок во пресрет на летната сезона, Хрисохоидис се осврна и на ЕЕС системот и рече дека прашањето со биометриската регистрација на границите има два аспекти, едниот е самиот процес, а другиот, застарената грчка инфраструктура.

 

– Знам дека има поплаки. Имам добиено поплаки и од моите колеги од Северна Македонија и Србија. Станува збор за прашање што има два аспекти. Првиот се однесува на новиот начин на влез во земјите на Европската Унија, т.н Entry-Exit систем. Многу ми е жал, но треба да ја имплементираме европската легислатива и, многу ми е жал, што сето ова во првата фаза предизвикува доцнење, кое не се должи на недостиг на персонал, а и да постои празно место дури и на еден полицаец, ќе се пополни. Но, проблемот, повторувам, е двоен: прво, процедурите што бараат некое време и не можеме да ги прескокнеме, бидејќи Европската комисија инсистира на целосна примена, што значи дека секој државјанин од трета земја, како и полицаецот што го контролира, треба да потроши неколку секунди или минути. А второ, за жал, како што веќе знаете, нашата инфраструктура, реално е застарена и треба обновување, објасни Хрисохоидис.

Додаде дека веќе се гради новиот граничен премини Кипи (кон Турција), посочувајќи дека новите инфраструктури ќе го олеснат проблемот.

За време на состанокот бил претставен и оперативниот план за туристичката сезона, кој предвидува дополнително засилување на полициските сили во сите сектори, како и во сообраќајната полиција и соопшти дека во пресрет на летото полициските единици на Халкидики ќе се зајакнат со околу 200 полицајци, со цел „дополнително зајакнување на чувството на безбедност кај граѓаните и кај милионите посетители кои се очекуваат во текот на летниот период“.

– Сите служби целосно да ги покријат своите потреби, 24 часа дневно, цела недела, во текот на сите месеци кога ќе има зголемен број посетители во регионот – рече министерот.



Поврзани содржини

Тошковски: Левица станува најкорисниот сојузник на СДСМ и ДУИ

28 мај 2026

Нов Клинички центар нема да ни треба ако добро го организираме здравстениот систем, рече директорот на ФЗО

28 мај 2026

Тошковски си се испофали: МВР по многу години има министер што е „нормален“!

28 мај 2026
НАЈНОВО

Тошковски: Левица станува најкорисниот сојузник на СДСМ и ДУИ

28 мај 2026

Пеколно дно на руската тактика во Украина – ползат со километри низ цевки и живеат 10 минути откако ќе излезат

28 мај 2026

Нов Клинички центар нема да ни треба ако добро го организираме здравстениот систем, рече директорот на ФЗО

28 мај 2026

Тошковски си се испофали: МВР по многу години има министер што е „нормален“!

28 мај 2026

Многу замки околу „придружно членство“ за Украина

28 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.