Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Иранскиот претседател Пезешкијан ги демантира информациите за негова оставка

2 јуни 2026

Нетанјаху нареди напади врз предградијата на Бејрут

2 јуни 2026

Најмалку две лица повредени при експлозија во фабрика за пиротехника на Малта

2 јуни 2026

Филипче: Мицкоски и неговата банда се грижат за себе, младите ја плаќаат цената

2 јуни 2026

Макрон најавува рекорд: 93 милијарди евра инвестиции доаѓаат во Франција

2 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, јуни 2
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Бучковски: Да не беше кризата во Украина, ќе бевме надвор од интересот на ЕУ

Press OnlineBy Press Online29 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Европската Унија заборави на земјите од Западен Балкан. Да не беше кризата во Украина и руската агресија, за жал, дефинитивно ќе бевме надвор од интересот на ЕУ – коментира поранешниот премиер на земјава и професор Владо Бучковски во изјава дадена за српската политичко-аналитичка емисија „Синтеза“.



„Не може да се заборави сè што направи нашата Македонија. Тоа е најголемата грешка што ја направи Европската Унија кон мојата Македонија затоа што ние бевме лидери во европеизацијата на Западниот Балкан во 2005 година. Сè што се случува создава доза на евроскептицизам. ЕУ мора што побрзо да ни го испорача она што го заслуживме. Мислам дека каков било исчекор е добар, како што вели албанскиот премиер Еди Рама – ‘дајте да влеземе во клубот, не ни треба право на вето, дајте ни придружно членство за да бидеме дел од ЕУ’“, рече поранешниот премиер на Македонија во интервјуто.

Бучковски додава дека европеизацијата на овој дел од Европа е приоритет бидејќи, како што рече, затегнатите односи помеѓу САД и ЕУ се уште еден доказ дека Европа мора што побрзо да го заврши процесот на проширување и да ги отвори вратите за земјите од Западен Балкан со цел нејзино оцврстување.

Тој смета дека затегнатите односи помеѓу САД и ЕУ се привремени и дека земјава мора да биде во исклучително добри односи и со Вашингтон и со Брисел, но:

„Ако на крај дојде до развод меѓу нив мораме да бидеме на страната на ЕУ, тоа е моето мислење.“

Освен од ЕУ, според Бучковски, Западен Балкан е подзаборавен и од САД бидејќи, како што кажа, Стејт Департментот повеќе не води сметка за Западниот Балкан како што тоа го правеше во изминатите 30 година.

„Мислам дека економојата е тоа што нашите партнери од САД ги интересира во моментов. Ние сме им интересни поради коридорите кои поминуваат низ нашите држави. Но, не го гледаме нивниот интерес за помош во нашето интегрирање во Европската Унија“, рече експремиерот Бучковски.



Поврзани содржини

Филипче: Мицкоски и неговата банда се грижат за себе, младите ја плаќаат цената

2 јуни 2026

Д-р Ненад Лазаров: Палминото масло не е најголемиот проблем, измамите и лажното декларирање се многу посериозни

2 јуни 2026

Мицкоски за оставката на Фетаи: Утре ќе биде архивирана, се заблагодарува на работата во Владата

2 јуни 2026
НАЈНОВО

Иранскиот претседател Пезешкијан ги демантира информациите за негова оставка

2 јуни 2026

Нетанјаху нареди напади врз предградијата на Бејрут

2 јуни 2026

Најмалку две лица повредени при експлозија во фабрика за пиротехника на Малта

2 јуни 2026

Филипче: Мицкоски и неговата банда се грижат за себе, младите ја плаќаат цената

2 јуни 2026

Макрон најавува рекорд: 93 милијарди евра инвестиции доаѓаат во Франција

2 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.