Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Иранскиот претседател Пезешкијан ги демантира информациите за негова оставка

2 јуни 2026

Нетанјаху нареди напади врз предградијата на Бејрут

2 јуни 2026

Најмалку две лица повредени при експлозија во фабрика за пиротехника на Малта

2 јуни 2026

Филипче: Мицкоски и неговата банда се грижат за себе, младите ја плаќаат цената

2 јуни 2026

Макрон најавува рекорд: 93 милијарди евра инвестиции доаѓаат во Франција

2 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, јуни 2
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Очекувам со Кошта да размениме идеи за надминување на вештачкото билатерално барање кон Македонија – вели премиерот

Press OnlineBy Press Online29 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека за време да престојната посета на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта ќе разменат повеќе идеи за надминување на пречката за интеграција на државата во Европската Унија од, како што рече, вештачко билатерално барање на една земја-членка.

Од средба на премиерот Христијан Мицкоски со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта / Фото: Принтскрин

Посочи дека ставот на земјата останува непроменет и дека Владата ќе бара решение кое нема да го допре достоинството на македонскиот народ и на македонските граѓани.

„Што се однесува до посетата на претседателот на Европскиот совет Антониот Кошта, ние досега имаме исклучително пријателски разговори, разменуваме идеи и мислења. Секогаш бил конструктивен во насока да се изнајде решение за ова вештачко билатерално барање што го има една земја-членка кон Македонија. Се надевам дека во таа насока ќе продолжиме и во иднина. Сигурен сум дека неговото присуство тука и за време на нашата билатерална средба, а потоа и на работната вечера, ќе можеме да размениме повеќе идеи, да видиме дали и како може да се надмине пречката“рече Мицкоски од Гевгелија, каде присуствуваше на пуштање во употреба на трговски центар.

Според него, македонските позиции се кажани многупати и додаде дека би било некултурно да се очекува да се промени ставот преку ноќ бидејќи не се исполнети предусловите што ги очекуваме и што ги заслужуваме.

„Но, ние како Влада сега ќе се обидеме да бараме решение кое нема да го допре достоинството на македонскиот народ и македонските граѓани. Пред неколку дена кажав дека нема повеќе ниту милиметар да се отстапува идентитетски. Оваа држава и граѓаните на Македонија премногу дадоа во изминатите децении, а за возврат добивме ништо или многу малку и повторно имаме дополнителни билатерални барања пред нас. Ние не сме подготвени да влеземе во дополнителна авантура без да има јасен крај на овој процес. Ако тоа е цената што треба да ја платиме, како Влада сме подготвени да работиме и да испорачуваме реформите и ќе ги исполнуваме објективните барања на ЕУ, но нема да прифаќаме дополнителни билатерални условувања“,кажа тој.

Владата, како што рече нема да влезе во нови отстапки без јасна гаранција за завршница на процесот, особено по последните изјави на новоизбраниот бугарски премиер, за кои рече дека укажуваат оти уставните измени не би биле последно барање.

„Немаме намера да исполнуваме и желби, особено после последните изјави на новоизбраниот премиер на нашиот источен сосед којшто гордо кажува дека му требало година дена како претседател на Бугарија, да ги убеди шефовите на држави на земјите-членки на Европската Унија дека е потребно да се промени Уставот и оти тоа е само еден обичен почеток. А бидејќи ја знам содржината од разговорот што ја имаше нашиот министер за надворешни работи и надворешна трговија со неговата колешка од Бугарија, можам да кажам дека ова е само еден почеток на сè тоа што дополнително ќе следи. Во овој момент немаме намера повеќе ниту милиметар да се поместиме. Ако некој цени дека ние како држава требаме таму и дека ние како држава сме додадена вредност, ние ќе сториме сè да таа шанса ја искористиме и оправдаме, но повеќе отстапки од ваква природа, барем оваа влада додека сум јас премиер, нема да преземе“,вели премиерот.

Ја обвини претходната влада за, како што кажа, авантуристички политики кои довеле до застој во евроинтегративниот процес и разочарување кај граѓаните.

„Ова е резултат на една национално исплакната ненационална политика на една претходна влада која со своите авантуристички потези создаде состојба во која прво ги разочара своите граѓани, бидејќи граѓаните не сакаат да гледаат влада која, наместо да ги штити националните интереси, е главен промотор на мекотелните политики, посебно принципот на коленичење на меѓународна сцена и себепонижување. И второ, со таквите авантуристички политики дефинитивно го закочи процесот на отпочнување на преговори на нашата земја со ЕУ“,додаде тој.

Инаку, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, од 1 јуни ја започнува својата петдневна турнеја низ земјите од Западен Балкан.

За време на посетата, Кошта ќе се сретне со лидерите од регионот и ќе разговара за можностите и предизвиците околу проширувањето, постепената интеграција, регионалната соработка, како и безбедноста и стабилноста.

На 5 јуни тој ќе копретседава со самитот на Европската Унија – Западен Балкан во Тиват.

„Мојата втора турнеја низ Западен Балкан испраќа јасен сигнал – посветеноста на ЕУ кон регионот е реална, исто толку реална колку и можноста за проширување. Моментумот е тука. Сега е време за реализација“,порача тој во пресрет на турнејата.

На 2 јуни, се очекува да допатува во Скопје, на средба со премиерот Христијан Мицкоски.

Поврзани содржини

Филипче: Мицкоски и неговата банда се грижат за себе, младите ја плаќаат цената

2 јуни 2026

Д-р Ненад Лазаров: Палминото масло не е најголемиот проблем, измамите и лажното декларирање се многу посериозни

2 јуни 2026

Мицкоски за оставката на Фетаи: Утре ќе биде архивирана, се заблагодарува на работата во Владата

2 јуни 2026
НАЈНОВО

Иранскиот претседател Пезешкијан ги демантира информациите за негова оставка

2 јуни 2026

Нетанјаху нареди напади врз предградијата на Бејрут

2 јуни 2026

Најмалку две лица повредени при експлозија во фабрика за пиротехника на Малта

2 јуни 2026

Филипче: Мицкоски и неговата банда се грижат за себе, младите ја плаќаат цената

2 јуни 2026

Макрон најавува рекорд: 93 милијарди евра инвестиции доаѓаат во Франција

2 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.