Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Индонезија: Бомба од Втората светска војна уби најмалку пет лица, а 20 се повредени

2 јуни 2026

Иранскиот претседател Пезешкијан ги демантира информациите за негова оставка

2 јуни 2026

Нетанјаху нареди напади врз предградијата на Бејрут

2 јуни 2026

Најмалку две лица повредени при експлозија во фабрика за пиротехника на Малта

2 јуни 2026

Филипче: Мицкоски и неговата банда се грижат за себе, младите ја плаќаат цената

2 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, јуни 2
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Никола Груевски добил Унгарско државјанство во 2022 година

Press OnlineBy Press Online29 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Унгарија останува сигурно засолниште за поранешниот македонски премиер Никола Груевски. Повикувајќи се на извор во унгарската влада, истражувачкиот портал (ВиСквер) VSquare, пишува дека Груевски, кој живее во Будимпешта од 2018 година, добил целосно унгарско државјанство во 2022 година, врз основа на „државен интерес на Унгарија“. Според друг владин извор, се верува дека тој и натаму престојува во земјата. Тоа ја прави неговата екстрадиција назад во С. Македонија речиси невозможна, пренесува Мета.

Според објавата, Груевски најверојатно сè уште се наоѓа во Унгарија, а неговиот статус е значително посигурен од статусот на други политички азиланти кои добиле заштита од претходната власт на Виктор Орбан.

„Унгарски владин извор потврди дека Никола Груевски добил целосно унгарско државјанство во 2022 година поради ‘унгарски државен интерес’. Според друг владин извор, се верува дека тој и натаму е во Унгарија“, наведува ВиСквер.

Порталот посочува дека државјанството претставува многу посилна правна заштита отколку политичкиот азил, бидејќи азилот може да биде одземен, додека одземањето државјанство е значително посложена постапка. Според анализата на ВиСквер, за да му биде одземено државјанството, би требало да се докаже дека било стекнато со измама или корупција.

Позицијата на Груевски е значително посигурна од онаа на полските бегалци, пишува VSquare. Додека политичкиот азил може да биде укинат, одземањето државјанство е далеку потешка правна постапка. Тоа му обезбедува ниво на заштита што го прави имун на ветувањата на Маѓар за екстрадиција.

Одземањето на државјанството би барало да се докаже дека е стекнато со измама или корупција. Во вториот случај – со оглед дека е доделено поради „државен интерес“ – обвинителството би требало да докаже вмешаност на највисоки претставници на владата на Виктор Орбан. Што, се разбира, не е невозможно.

Министерство за правда: Постапката за екстрадиција на Груевски продолжува

Независно од сите шпекулации и неофицијални информации за евентуалниот статус што го има во Унгарија, Никола Груевски останува државјанин на Република Северна Македонија и е лице кое е предмет на правосилни судски одлуки и активни постапки – се вели во соопштението од Министерството за правда.

Министерството за правда нагласува дека постапката за негова екстрадиција продолжува согласно домашното законодавство, билатералните договори и меѓународните конвенции. Во рамки на своите надлежности, Министерството и понатаму ќе ги презема сите неопходни правни и дипломатски чекори во комуникација со надлежните органи на Унгарија

Груевски избега од Северна Македонија во ноември 2018 година, непосредно пред да започне со издржување затворска казна од две години во случајот „Тенк“ – пресуда за корупција поврзана со набавка на оклопен луксузен „мерцедес“ во вредност од 600.000 евра.

Тој ја напушти земјата преку Албанија, а потоа продолжи низ Црна Гора и Србија, наводно со помош на унгарско дипломатско возило и, според тогашни извештаи, со вмешаност на унгарската странска разузнавачка служба. Владата на Орбан потоа му одобри политички азил.

Во Македонија во изминатиот период, по падот на Виктор Орбан од власт во Унгарија, се актуелизираше приказната за враќањето на Груевски. Во април годинава, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не очекува Груевски да се врати во земјата, но доколку тоа се случи „ќе оди во затвор“.

Опозицискиот СДСМ на почетокот на неделава ги праша премиерот и министерот за правда Филков дали ги испратиле во Будимпешта документите за екстрадиција на Груевски. Оттаму уште оценија дека Мицкоски се плаши дека враќањето на Груевски во земјата ќе ја загрози неговата позиција во партијата.

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија, остро реагираше на најавите за можна екстрадиција, обвинувајќи дека против него бил воден политички мотивиран прогон со „монтирани судски постапки“.

Тој ја критикуваше изјавата на министерот за правда, посочувајќи дека наместо да собира информации за неговиот статус, треба да ги истражи, како што вели, „злоупотребите и незаконитостите“ во периодот на поранешната власт.

Поврзани содржини

Филипче: Мицкоски и неговата банда се грижат за себе, младите ја плаќаат цената

2 јуни 2026

Д-р Ненад Лазаров: Палминото масло не е најголемиот проблем, измамите и лажното декларирање се многу посериозни

2 јуни 2026

Мицкоски за оставката на Фетаи: Утре ќе биде архивирана, се заблагодарува на работата во Владата

2 јуни 2026
НАЈНОВО

Индонезија: Бомба од Втората светска војна уби најмалку пет лица, а 20 се повредени

2 јуни 2026

Иранскиот претседател Пезешкијан ги демантира информациите за негова оставка

2 јуни 2026

Нетанјаху нареди напади врз предградијата на Бејрут

2 јуни 2026

Најмалку две лица повредени при експлозија во фабрика за пиротехника на Малта

2 јуни 2026

Филипче: Мицкоски и неговата банда се грижат за себе, младите ја плаќаат цената

2 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.