Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Индонезија: Бомба од Втората светска војна уби најмалку пет лица, а 20 се повредени

2 јуни 2026

Иранскиот претседател Пезешкијан ги демантира информациите за негова оставка

2 јуни 2026

Нетанјаху нареди напади врз предградијата на Бејрут

2 јуни 2026

Најмалку две лица повредени при експлозија во фабрика за пиротехника на Малта

2 јуни 2026

Филипче: Мицкоски и неговата банда се грижат за себе, младите ја плаќаат цената

2 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, јуни 2
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Петрова бара од Македонија да не влегува во конфликт со Бугарија, туку да ги исполни обврските за ЕУ

Press OnlineBy Press Online29 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова испратила јасен сигнал до нашата држава дека Бугарија нема да се повлече од она што било договорено во 2022 година, додавајќи дека патот на Македонија кон Европската Унија оди преку спроведување на преземените обврски.



„Ова не е прашање на билатерални прашања, туку на односи меѓу земја кандидат и ЕУ“, изјавила Петрова за „БНТ“.

Таа нагласила дека тонот од бугарската страна останува „исклучително позитивен“, но признала дека често не гледа исто политичко однесување од Скопје.

„Се надевам дека ќе најдам политичка зрелост од другата страна. Често не го гледам тоа“, рекла министерката за надворешни работи.

Петрова бил категорична дека ставот на Софија останува непроменет за таканаречениот „француски предлог“, договорен во летото пред четири години.

„Ова е европската позиција. И ова беше главното достигнување во јуни-јули 2022 година“, нагласила таа.

Министерката потсетила дека лично учествувала во преговорите за тоа што е денес Преговарачката рамка на Македонија и детално знае што е договорено.

„Тажно е што се враќам во Владата по четири години, а се уште нема напредок по ова прашање“, вели таа.

Според Петрова, македонските власти треба да го искористат моменталниот „отворен прозорец“ за проширување на ЕУ, наместо да ги ескалираат тензиите со Софија.

„Се надевам дека Македонија ќе најде пристап што ќе го фокусира вниманието на исполнување на обврските, а не во барање конфликт со Софија“, вели шефицата на бугарската дипломатија.

Изјавата доаѓа во услови на нови тензии меѓу Скопјe и Софија, откако Владата и премиерот Христијан Мицкоски повторно порачаа дека нема да прифатат вклучување на Бугарите во Уставот без промена во пристапот на новата бугарска влада.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта доаѓа во вторник во Македонија, а Мицкоски од разговорите со него, кои секогаш биле, како што вели отворени и конструктивни, очекува да се изнајде решение за вештачкото билатерално барање на Бугарија кон Македонија.

-Би било некултурно да се очекува да го промениме ставот преку ноќ, бидејќи не се исполнети предусловите што ние очекуваме да бидат исполнети, а кои ги заслужуваме, рече денес премиерот кој повтори дека нема отстапки ниту милиметар во однос на македонскиот идентитет.



Поврзани содржини

Филипче: Мицкоски и неговата банда се грижат за себе, младите ја плаќаат цената

2 јуни 2026

Д-р Ненад Лазаров: Палминото масло не е најголемиот проблем, измамите и лажното декларирање се многу посериозни

2 јуни 2026

Мицкоски за оставката на Фетаи: Утре ќе биде архивирана, се заблагодарува на работата во Владата

2 јуни 2026
НАЈНОВО

Индонезија: Бомба од Втората светска војна уби најмалку пет лица, а 20 се повредени

2 јуни 2026

Иранскиот претседател Пезешкијан ги демантира информациите за негова оставка

2 јуни 2026

Нетанјаху нареди напади врз предградијата на Бејрут

2 јуни 2026

Најмалку две лица повредени при експлозија во фабрика за пиротехника на Малта

2 јуни 2026

Филипче: Мицкоски и неговата банда се грижат за себе, младите ја плаќаат цената

2 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.