Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Уапсен насилникот кој ја тепаше и давеше сопругата среде Скопје, дома со нож им се заканувал на сопругата и ќерката

30 мај 2026

Километарски колони и доцнења на граничниот премин Евзони/ Богородица за влез во Грција

30 мај 2026

Реакција на МОН на соопштение на политичката партија Левица

30 мај 2026

Вреди: Блерим Беџети си замина, Аднан Јашари дојде, правосудниот испит остана заглавен

30 мај 2026

Русија го повика на консултации својот амбасадор во Ерменија. Односите се влошуваат

30 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, мај 30
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Реакција на МОН на соопштение на политичката партија Левица

Press OnlineBy Press Online30 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Левица манипулира со информации и ги доведува во заблуда граѓаните, споделувајќи забелешки од ревизорски извештај за работењето на Министерството за образование и наука во време на претходната Влада, поточно извештај за 2023 година, а препишувајќи ги истите на актуелната, се вели во реакцијата на МОН, на соопштение на Левица.

Во интерес на вистината, должни сме да реагираме и да ja информираме јавноста за тоа. Сегашното раководство на Министерството за образование и наука, работејќи одговорно и транспарентно, постапува по сите препораки на државниот ревизор во посочениот извештај. Пред само неколку дена кога објавивме дека постапуваме по една од препораките на Државниот завод за ревизија која бара менување на моделот на финансирање на студентските домови, токму Левица реагираше негативно, барајќи да не се постапува. Денес истата партија го вели спротивното. Истиот ден излажаа и дека МОН го намалува бројот на студентските стипендии.

Работа на опозицијата е да критикува, но не и да лаже. Сега кога промените во образованието и науката се приоритет, се прават транспарентно и низ инклузивен процес, коректно е и тие да се вклучат. Иако веруваме дека тоа нема да се случи, еве, ја повикуваме политичката партија Левица, наместо да трошат време на куцкање измислици на социјалните мрежи, да предложат конкретни проекти со кои ќе се забрза напредокот на образованието.

Сегашното раководство на МОН со поддршка од Владата обезбеди рекорден буџет за образование и наука во оваа тековна година. Средствата се искористуваат согласно приоритетите во програмата за работа, преку нови формули за финансирање на основното и средното образование, однапред дефинирани инфраструктурни инвестиции за кои во целост се запазуваат постапките за јавни набавки, а високообразовните и научните установи конечно добија доволно средства за непречено одвивање на наставната дејност и за раздвижување на научно-истражувачката која со години беше запоставена.

Не со лаги, туку со конкретни дела се придонесува кон општото добро.

Министерство за образование и наука



Поврзани содржини

Уапсен насилникот кој ја тепаше и давеше сопругата среде Скопје, дома со нож им се заканувал на сопругата и ќерката

30 мај 2026

Километарски колони и доцнења на граничниот премин Евзони/ Богородица за влез во Грција

30 мај 2026

Вреди: Блерим Беџети си замина, Аднан Јашари дојде, правосудниот испит остана заглавен

30 мај 2026
НАЈНОВО

Уапсен насилникот кој ја тепаше и давеше сопругата среде Скопје, дома со нож им се заканувал на сопругата и ќерката

30 мај 2026

Километарски колони и доцнења на граничниот премин Евзони/ Богородица за влез во Грција

30 мај 2026

Реакција на МОН на соопштение на политичката партија Левица

30 мај 2026

Вреди: Блерим Беџети си замина, Аднан Јашари дојде, правосудниот испит остана заглавен

30 мај 2026

Русија го повика на консултации својот амбасадор во Ерменија. Односите се влошуваат

30 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.