
Деветнаесетгодишниот Музафер Фетахи е младиот моторџија кој го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на крстосницата меѓу булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“ во Скопје.
Неговата смрт предизвика голема тага кај семејството, пријателите и познаниците, кои преку социјалните мрежи се простуваат од него.
„Денес од овој свет замина нашиот брат Музафер Фетахи. Нека Алах му се смилува и, ако даде Бог, нека го награди со највисоките степени на Џенетот. Амин. Џеназата ќе се изврши по икиндискиот намаз во џамијата „Јахја Паша“, а погребот ќе биде во селото Вржале“, напиша еден од неговите пријатели. објави Скопје1.мк
Деветнаесетгодишниот Музафер Фетахи е младиот моторџија кој го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на крстосницата меѓу булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“ во Скопје.
Неговата смрт предизвика голема тага кај семејството, пријателите и познаниците, кои преку социјалните мрежи се простуваат од него.
„Денес од овој свет замина нашиот брат Музафер Фетахи. Нека Алах му се смилува и, ако даде Бог, нека го награди со највисоките степени на Џенетот. Амин. Џеназата ќе се изврши по икиндискиот намаз во џамијата „Јахја Паша“, а погребот ќе биде во селото Вржале“, напиша еден од неговите пријатели.
Од Основното јавно обвинителство информираа дека е извршен увид на местото на несреќата и дека се преземаат дејствија за целосно расчистување на случајот.
„Обезбедени се снимките од видеонадзорот, а едно лице е задржано и се постапува“, соопштија од Обвинителството.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 22:21 часот. Во судирот учествувале патничко возило „Ауди А4“, управувано од Н.Х. (31) од Визбегово, мотоцикл „БМВ“, управуван од М.Ф. (19) од Скопје, и мотоцикл „Хонда ХДВ“, управуван од Н.Б. (21) од Скопје.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Ф., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што подоцна починал, а од страна на лекар била констатирана смртта“, соопшти МВР.
Надлежните институции продолжуваат со истрагата, а повеќе детали за околностите под кои се случила несреќата се очекуваат во текот на денот, објави Скопје1.мк

