Од МВР информираат дека членови на еден боречки клуб, во главниот град, пријавиле дека физички биле нападнати од членови на друг боречки клуб.

-На 30.05.2026 околу 21:30 часот во СВР Скопје Т.Р.(19) од Скопје пријави дека на подрачјето на Бит Пазар тој, неговите татко и брат и уште седум лица од боречки клуб биле физички нападнати од Ј.Р., Б.Е. од друг боречки клуб и уште неколку други лица кои употребиле тврд и остар предмет како и стаклени предмети и истите се здобиле со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

