Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Украина е под закана од масивни комбинирани руски воздушни напади

31 мај 2026

МВР: Одобрувања за патување на деца ќе се издаваат и во сабота

31 мај 2026

Членови на боречки клуб пријавиле дека биле нападнати од членови на друг боречки клуб во Скопје

31 мај 2026

Медиумската империја на Орбан масовно ја губи публиката

31 мај 2026

Владината реконструкција – една од темите на првата седница на Централното собрание на Влен

31 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 31
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Владината реконструкција – една од темите на првата седница на Централното собрание на Влен

Press OnlineBy Press Online31 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Централното собрание на Влен денеска ја одржа првата седница по формирањето на партијата, а една од темите била и најавената реконструкција на Владата, соопштија од партијата.



Оттаму велат дека се разговарало и за актуелните политички случувања, приоритетите за наредниот период, како и за натамошното јакнење на партиската организација.

 

„Една од темите на дискусија беше и реконструкцијата на владата. Во таа насока беше отворена дебата за перформансите на носителите на јавни функции, со цел евентуалните промени да придонесат за поголема ефикасност, одговорност и побрза реализација на обврските преземени пред граѓаните. Централното собрание направи и анализа на досегашната работа на Влен. Се разговараше за постигнатите резултати, предизвиците со кои се соочува партијата и приоритетите за периодот што следува, со акцент на координацијата на структурите, активностите на терен и континуираната комуникација со јавноста“велат од партијата.

Инаку, на 9. мај петте политички партии на досегашната коалиција ВЛЕН се обединија во еден политички субјект. Копретседатели се Изет Меџити и Билал Касами, а генерален секретар е Беким Сали.

Меџити во јавни настапи најавуваше дека по обединувањето на ВЛЕН ќе следи владина реконструкција.

Неделава тој кажа дека реконструкцијата на владата во текот на јуни е начелно договорена, но конкретните детали и распределбата на ресорите сè уште не биле предмет на разговор со премиерот Христијан Мицкоски.

Во однос на реконструкцијата на владата, премиерот Христијан Мицкоски во март годинава најави дека во мај или во јуни ќе започнат разговорите за нов владин кабинет и евентуални промени на кадар.



Поврзани содржини

МВР: Одобрувања за патување на деца ќе се издаваат и во сабота

31 мај 2026

Членови на боречки клуб пријавиле дека биле нападнати од членови на друг боречки клуб во Скопје

31 мај 2026

20 ученици од скопско училиште со симптоми на стомачни тегоби: Се испитува дали е труење или вирус

31 мај 2026
НАЈНОВО

Украина е под закана од масивни комбинирани руски воздушни напади

31 мај 2026

МВР: Одобрувања за патување на деца ќе се издаваат и во сабота

31 мај 2026

Членови на боречки клуб пријавиле дека биле нападнати од членови на друг боречки клуб во Скопје

31 мај 2026

Медиумската империја на Орбан масовно ја губи публиката

31 мај 2026

Владината реконструкција – една од темите на првата седница на Централното собрание на Влен

31 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.