Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет

1 јуни 2026

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

1 јуни 2026

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај: Очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари

1 јуни 2026

Скопјанец допирал братучетка по телото, а и го претепал и сопругот

1 јуни 2026

Ракометарите на Охрид го освоија Европскиот куп

1 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, јуни 1
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

Press OnlineBy Press Online1 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска присуствуваше на изборниот конгрес на Новата социјалдемократска партија (НСДП), на покана на нејзиниот претседател Горан Мисовски. Филипче упати честитки за досегашната работа и изрази благодарност за долгогодишната коалициска поддршка, потенцирајќи дека двете партии споделуваат еднакви вредносни политики.

Тој најави дека соработката продолжува во нова форма, преку коалицијата наречена „Фронт за слобода и правда“. Од таму, Филипче упати широк повик за обединување до повеќе општествени и политички чинители.

„Во Фронтот ги повикуваме и сите други политички партии, не само овие коишто веќе го потврдија учеството, а се дел од сегашната коалиција, туку и другите политички партии, дури дел од коалициските партнери на сегашната криминална власт, затоа што тие знаат дека оваа власт не ја води државата како што треба“, изјави лидерот на опозицијата.

Покрај политичките субјекти, Филипче упати повик за приклучување и до граѓанските организации, активистите, интелектуалците, младите, студентите, како и до пензионерите за кои истакна дека веќе сфатиле оти се излажени од актуелната власт и дека немаат достоинствен живот.

Претседателот на СДСМ од говорницата упати сериозни обвинувања до владината коалиција, тврдејќи дека таа го „пљачка и последниот денар од буџетот“ за лично богатење, додека државата намерно ја држи во меѓународна изолација.

„Се бориме против оваа криминална власт којашто земјата ја држи во изолација, а тие сите имаат бугарски пасоши во џебовите, и против оваа криминална власт којашто работи за туѓи интереси — пред сè српски и руски интереси, сакајќи да останеме изолирани и слепо црево на Балканот. Тоа нема да им помине“, порача Филипче.

На крајот од своето обраќање, тој изрази уверување дека Македонија повторно ќе се врати на правиот пат кон Европа, ќе биде демократска и слободна земја во која младите генерации ќе ја гледаат својата иднина.

Поврзани содржини

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет

1 јуни 2026

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај: Очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари

1 јуни 2026

Скопјанец допирал братучетка по телото, а и го претепал и сопругот

1 јуни 2026
НАЈНОВО

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет

1 јуни 2026

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

1 јуни 2026

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај: Очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари

1 јуни 2026

Скопјанец допирал братучетка по телото, а и го претепал и сопругот

1 јуни 2026

Ракометарите на Охрид го освоија Европскиот куп

1 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.