Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

ЈАНЕВСКА ДА КАЖЕ ШТО НАПРАВИЛА, А НЕ КОЈ БИЛ МИНИСТЕР ПРЕД НЕА

1 јуни 2026

Трамп во необјаснив елемент: „Не ми е гајле за преговорите со Иран“. Еден час подоцна: „Тие продолжуваат со брзо темпо“

1 јуни 2026

ВРЕДИ: Благодарност до Арбен Фетаи за неговиот ангажман и придонес

1 јуни 2026

Олигарсите се сретнаа со Путин и дадоа 3 милијарди долари донации за војната

1 јуни 2026

Пендаровски прашува – како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет

1 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, јуни 1
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Пендаровски: Во протоколите со Бугарија никаде не пишува дека ако не се решат историските прашања, Македонија не може да стане членка на ЕУ

Press OnlineBy Press Online1 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Владејачката коалиција и владејачката партија се заплеткаа во сопствената предизборна реторика и сега не знаат како да се отплеткаат од тој процес, вели поранешниот претседател Стево Пендаровски за тезата на ВМРО-ДПМНЕ оти уставните измени не се последна пречка во процесот на интеграција во Европската Унија, туку дека претставуваат само вовед во процес во кој Бугарија ќе има можности за нови блокади за идентитетско-историски прашања.



Пендаровски вели дека не само Бугарија, туку која било земја членка може да постави дополнителни услови во преговорите оти тоа е процес кој трае со години. Тврдењата дека Бугарија повторно ќе се обиде да го блокира процесот на Македонија поради идентитетски прашања е неточно, додава тој, бидејќи во Преговарачката рамка со ЕУ нема ништо што може да личи на вграден механизам или скриена замка.

„Значи, и тогаш го кажував и сега го повторувам истиот став – не погрешивме затоа што францускиот предлог, практично европската преговарачка рамка на крајот, беше без каква било опасност за македонскиот идентитет, што беше клучната одредница во која тргнува секоја влада, секој претседател, секоја држава која се обидува да се приклучи во тоа големо европско семејство“,

рече ексшефот на државата.
Пендаровски вели дека во протоколите никаде не пишува дека доколку не се решат историските контроверзии, земјава не може да влезе во ЕУ, бидејќи во целиот втор протокол, кој актуелната власт го спори, секаде се употребува фразата на охрабрување и поттик, а не условување.

На новинарско прашање зошто во јавната дебата во Македонија доминира позицијата дека историската комисија мора да ја заврши работата на начин на кој Бугарија ќе го кажува тоа, поранешниот претседател вели оти тоа се спинови од кампањата на владејачката партија од 2024 година, кои се потпираа на двете тези – наводно дека само како Бугари би можеле да влеземе во Европската Унија и за деалбанизација или дедуизација. Оттогаш до денес, вели тој, ВМРО-ДПМНЕ не зборува за ништо друго освен дека можеме да влеземе во ЕУ како бугаризирани поранешни Македонци и оти тоа го прават бидејќи во овие две години немаат ниту една работа со која може да се пофалат.

„Кога ќе добиете избори на еден доминантен начин пред сè заради овие две прашања, вие не се откажувате од нив бидејќи ви носат поени и понатаму. Значи, станува збор за гола измама дека наводно во Преговарачката рамка постои одредба која вели: или ќе пишете дека сите тие биле Бугари вклучително и организацијата ВМРО, историското ВМРО, или нема да мрднете кон членство во ЕУ. Тоа е лага, повторувам, тоа е политичка лага конструирана со цел да го одржува рејтингот колку-толку на оваа владејачка коалиција, особено на најголемата партија“,

рече Пендаровски.
Доколку Бугарија сака да ја кочи земјава и по внесувањето на бугарското малцинство во Уставот, смета тој, тоа не би се правело на идентитетски план.

„Може да нè кочи од екологија до владеење на правото, но нема да го прави затоа што нема простор за тоа. Ви го споменав нон-пејперот на бугарскиот амбасадор – верувате или не, од сите други 26 држави на таа седница на која тој ги образлагал главните точки од материјалот кој им го дал, ниеден буквално ниту еден друг, ниедна друга држава не рекла: ова држи место, дајте да видиме за што станува збор ако е така“,
рече тој.



Поврзани содржини

ЈАНЕВСКА ДА КАЖЕ ШТО НАПРАВИЛА, А НЕ КОЈ БИЛ МИНИСТЕР ПРЕД НЕА

1 јуни 2026

ВРЕДИ: Благодарност до Арбен Фетаи за неговиот ангажман и придонес

1 јуни 2026

Пендаровски прашува – како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет

1 јуни 2026
НАЈНОВО

ЈАНЕВСКА ДА КАЖЕ ШТО НАПРАВИЛА, А НЕ КОЈ БИЛ МИНИСТЕР ПРЕД НЕА

1 јуни 2026

Трамп во необјаснив елемент: „Не ми е гајле за преговорите со Иран“. Еден час подоцна: „Тие продолжуваат со брзо темпо“

1 јуни 2026

ВРЕДИ: Благодарност до Арбен Фетаи за неговиот ангажман и придонес

1 јуни 2026

Олигарсите се сретнаа со Путин и дадоа 3 милијарди долари донации за војната

1 јуни 2026

Пендаровски прашува – како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет

1 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.