Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

ЈАНЕВСКА ДА КАЖЕ ШТО НАПРАВИЛА, А НЕ КОЈ БИЛ МИНИСТЕР ПРЕД НЕА

1 јуни 2026

Трамп во необјаснив елемент: „Не ми е гајле за преговорите со Иран“. Еден час подоцна: „Тие продолжуваат со брзо темпо“

1 јуни 2026

ВРЕДИ: Благодарност до Арбен Фетаи за неговиот ангажман и придонес

1 јуни 2026

Олигарсите се сретнаа со Путин и дадоа 3 милијарди долари донации за војната

1 јуни 2026

Пендаровски прашува – како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет

1 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, јуни 1
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Рама тврди дека Кушнер ја купил земјата од приватни сопственици

Press OnlineBy Press Online1 јуни 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше за ситуацијата создадена во Звернец, кај Валона, каде што жителите на областа и претставниците на граѓанското општество протестираат против проектот за изградба на луксузен ресорт, кој се поврзува со Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека самиот би се придружил на протестот доколку верувал во тврдењата што се ширеле за проектот.

На средба со парламентарната група на неговата, Социјалистичка партија, Рама, ги негираше обвинувањата дека земјиштето се дава на странци или дека е нарушено заштитеното подрачје, опишувајќи ги овие наративи како невистинити и дезинформации.

– Ќе направев полошо од вас, ако ми кажеа дека таа земја ѝ припаѓа на државата и дека државата им ја дава на странци. Дури слушнав дека државата му ја дава таа земја на Израел за да ги донесе Палестинците во Звернец. Да ми кажеа дека таму влегле некои Руси, кои во соработка со албанските олигарси го срамнуваат заштитеното подрачје и ќе градат палати. Да ми кажаа дека тоа е заштитено подрачје и дека владата го отстранила од заштита за да им го даде на странци, кои ќе дојдат да го уништат биодиверзитетот на подрачјето. И уште многу други работи што ги кажаа, а во кои нема ни тронка вистина, велам и јас ќе постапев како вас, можеби и полошо, рече Рама, додавајќи дека земјиштето странскиот инвеститор го купил, не од државата, туку од приватни лица.

Рама изрази солидарност со јавното негодување и гнев поради сцената каде што при обид жителите да влезат во ограденото градилиште, тврдејќи дека нивните имоти биле неправедно одземени преку процес на експропријација, беше влечен од приватно обезбедување. Според него рамнодушноста на полицијата која требаше да го заштити неоправдана, поради што денеска веќе е сменет Началникот на Полицискот комесаријат во Валона. 

Освен протестот во Звернец, протест синоќа се одржа во Тирана, прво пред зградата на МВР а протоа пред владата, на која учесниците носеа транспаренти „Албанија не е на продажба“, „Поништетего договорот“. Демонстрантите побараа и оставка од премиерот Еди Рама, обвинувајќи дека неговата влада го овозможила проектот со измена на Законот за заштитени подрачја, усвоена во парламентот во февруари 2024 година. 

Со таа измена, заштитените зони во Албанија биле отворени за развој на туристички комплекси со пет ѕвезди, но дел од познавачите на состојбите тврдат дека законската измена била направена специјално за проектот поврзан со Кушнер.

Проектот, за кој инвеститорот ветува дека ќе се одвива по строго законски процедури, тврдејќи дека истиот ќе создаде повеќе од 10.000 работни места. Вредноста според медиуми се проценува на околу четири милијарди долари (3,43 милијарди евра), опфаќа приближно 250 хектари во рамките на мочуришниот и лагунскиот екосистем Нарта–Звернец. 

Во јануари 2024 година, Кушнер и неговата сопруга Иванка Трамп, ја посетија Албанија за да го промовираат проектот за изградба на луксузен комплекс во земјата. Иванка Трамп под силно обезбедување го посети местото и пред неколку месеци. 

Поврзани содржини

Инфлацијата во Бугарија се искачи на 7,0 проценти, највисока во последните 33 месеци

1 јуни 2026

Бајрактар: Турција и Русија преговараат за нови испораки на гас по 2026 година

1 јуни 2026

Почина вдовицата на Халид Бешлиќ

1 јуни 2026
НАЈНОВО

ЈАНЕВСКА ДА КАЖЕ ШТО НАПРАВИЛА, А НЕ КОЈ БИЛ МИНИСТЕР ПРЕД НЕА

1 јуни 2026

Трамп во необјаснив елемент: „Не ми е гајле за преговорите со Иран“. Еден час подоцна: „Тие продолжуваат со брзо темпо“

1 јуни 2026

ВРЕДИ: Благодарност до Арбен Фетаи за неговиот ангажман и придонес

1 јуни 2026

Олигарсите се сретнаа со Путин и дадоа 3 милијарди долари донации за војната

1 јуни 2026

Пендаровски прашува – како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет

1 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.