Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

ЈАНЕВСКА ДА КАЖЕ ШТО НАПРАВИЛА, А НЕ КОЈ БИЛ МИНИСТЕР ПРЕД НЕА

1 јуни 2026

Трамп во необјаснив елемент: „Не ми е гајле за преговорите со Иран“. Еден час подоцна: „Тие продолжуваат со брзо темпо“

1 јуни 2026

ВРЕДИ: Благодарност до Арбен Фетаи за неговиот ангажман и придонес

1 јуни 2026

Олигарсите се сретнаа со Путин и дадоа 3 милијарди долари донации за војната

1 јуни 2026

Пендаровски прашува – како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет

1 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, јуни 1
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Секое трето дете во Македонија има зголемена тежина, отворен специјален центар во Козле

Press OnlineBy Press Online1 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за детски болести каде е отворен Центар за менаџирање и третман на обезност, односно дебелина кај децата.  Потребата од ваков специјализиран центар е резултат на податоците од Институтот за јавно здравје и Клиниката за детски болести, според кои над 30% од децата на возраст од 6 до 9 години во Македонија се со зголемена телесна тежина, а речиси 14% од нив се соочуваат со екстремна дебелина.



 

 

- Отворањето на овој центар претставува исклучително важен и долгоочекуван чекор во нашиот здравствен систем. Детската дебелина не е само естетски или нутриционистички проблем, туку комплексна состојба која бара ран и мултидисциплинарен пристап. Затоа овој центар овозможува тим од педијатри-ендокринолози, нутриционисти, психолози и физијатри заеднички да работат со децата и со нивните семејства. Како и кај останатите центри за менаџирање со дебелина во државата, пристапот до услугите се одвива преку системот „Мој Термин“. Матичниот лекар или матичниот педијатар прво ја евидентира состојбата и доколку има потреба од специјалистички третман, издава упат директно за Одделот за ендокринологија со молекуларно-генетска дијагностика, во чиј состав е и Центарот на Детската клиника. Таму се спроведуваат детални молекуларно-генетски, хормонални и метаболички испитувања за да се утврди точната причина за обезноста и да се одреди индивидуален план за лекување, појаснува министерот Алиу.

Навремениот третман на дебелината кај децата спречува појава на сериозни здравствени проблеми во тинејџерските години и во подоцнежна возраст, како што се дијабетес тип 2, кој сè почесто се јавува кај децата, кардиоваскуларни нарушувања и висок крвен притисок, ортопедски проблеми, односно деформации на зглобовите и колената, како и психолошки проблеми, социјална изолација и стигматизација.



Поврзани содржини

ЈАНЕВСКА ДА КАЖЕ ШТО НАПРАВИЛА, А НЕ КОЈ БИЛ МИНИСТЕР ПРЕД НЕА

1 јуни 2026

ВРЕДИ: Благодарност до Арбен Фетаи за неговиот ангажман и придонес

1 јуни 2026

Пендаровски прашува – како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет

1 јуни 2026
НАЈНОВО

ЈАНЕВСКА ДА КАЖЕ ШТО НАПРАВИЛА, А НЕ КОЈ БИЛ МИНИСТЕР ПРЕД НЕА

1 јуни 2026

Трамп во необјаснив елемент: „Не ми е гајле за преговорите со Иран“. Еден час подоцна: „Тие продолжуваат со брзо темпо“

1 јуни 2026

ВРЕДИ: Благодарност до Арбен Фетаи за неговиот ангажман и придонес

1 јуни 2026

Олигарсите се сретнаа со Путин и дадоа 3 милијарди долари донации за војната

1 јуни 2026

Пендаровски прашува – како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет

1 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.