Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Најмалку две лица повредени при експлозија во фабрика за пиротехника на Малта

2 јуни 2026

Филипче: Мицкоски и неговата банда се грижат за себе, младите ја плаќаат цената

2 јуни 2026

Макрон најавува рекорд: 93 милијарди евра инвестиции доаѓаат во Франција

2 јуни 2026

Д-р Ненад Лазаров: Палминото масло не е најголемиот проблем, измамите и лажното декларирање се многу посериозни

2 јуни 2026

Мицкоски за оставката на Фетаи: Утре ќе биде архивирана, се заблагодарува на работата во Владата

2 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, јуни 2
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро

Press OnlineBy Press Online1 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Македонскиот игран филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“, чиј автор е режисерката Дина Дума, својата светска премиера ќе ја има на „Трибека фестивал“ (Tribeca Festival) во Њујорк, еден од најзначајните филмски фестивали во Соединетите Американски Држави (САД), каде еден од од основачите е актерот Роберт Де Ниро, соопштија денеска од продукцијата на филмот.



Главната хероина во филмот, Адела

Фестивалот, кој настана како културен одговор на нападите на 11 септеври 2001 година и е препознатлив по современиот независен филм, нови авториски гласови и силна врска со њујоршката филмска индустрија, ќе се одржи од 3 до 14 јуни.

Филмот на Дина Дума е селектиран во категоријата International Narrative Competition, главната меѓународна натпреварувачка програма на фестивалот, со што „Скејтбордингот не е за девојчиња“ ќе биде претставен пред њујоршката публика, меѓународната филмска јавност и индустрискиот круг на селектори, велат од продукцијата.

Опишувајќи го филмот, оттаму велат дека главна хероина е Адела, зад чија приказна стои слика што режисерката Дума ја забележала во Скопје – девојче на скејтборд, облечено во традиционални шалвари – момент во кој се судираат детската слобода и наследените правила.

„Филмот не ја користи приказната за Адела како симбол, туку отвора жив, комплексен свет. Изграден одблизу, преку работа со заедницата во Шуто Оризари, реални локации и непрофесионални актери, ‘Скејтбордингот не е за девојчиња’ избегнува поглед од дистанца и готови стереотипи. Наместо да ги сведува девојчињата на жртви, филмот ги следи како силни, ранливи и комплексни личности кои, и во ограничувачки околности, бараат начин да одлучуваат за себе“,велат од продукцијата.

Американскиот актер Роберт Де Ниро, кој е еден од основачите на „Трибека фестивал“ (Tribeca Festival)

Инаку, ова е втор филм на Дина Дума, која со својето прво авторско дело, „Сестри“ оствари извонреден успех и се најде во изборот на најголемата платформа за филмови „Нетфликс“.

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ е во продукција на „Сестри и брат Митевски“, продуцентка е Лабина Митевска, а копродуценти се Себастиен Делуа, Данијел Хочевар и Вања Сремац.

Сценариото е на Дина Дума, Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска, директор на фотографија е Фредерик Ноаром, а во главните улоги се Ефќар Абаз, Симонида Селимовиќ, Џефрина Јашари и Ганимет Абдула.

Филмот е копродукција меѓу Северна Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска, а е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, „Еуримаж“, Креатив јуроп медиа (Creative Europe MEDIA) и национални и регионални фондови од земјите копродуценти.

Поврзани содржини

Филипче: Мицкоски и неговата банда се грижат за себе, младите ја плаќаат цената

2 јуни 2026

Д-р Ненад Лазаров: Палминото масло не е најголемиот проблем, измамите и лажното декларирање се многу посериозни

2 јуни 2026

Мицкоски за оставката на Фетаи: Утре ќе биде архивирана, се заблагодарува на работата во Владата

2 јуни 2026
НАЈНОВО

Најмалку две лица повредени при експлозија во фабрика за пиротехника на Малта

2 јуни 2026

Филипче: Мицкоски и неговата банда се грижат за себе, младите ја плаќаат цената

2 јуни 2026

Макрон најавува рекорд: 93 милијарди евра инвестиции доаѓаат во Франција

2 јуни 2026

Д-р Ненад Лазаров: Палминото масло не е најголемиот проблем, измамите и лажното декларирање се многу посериозни

2 јуни 2026

Мицкоски за оставката на Фетаи: Утре ќе биде архивирана, се заблагодарува на работата во Владата

2 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.