Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

МОЖЕ НЕКОЈ ДА СЕ ИСМЕВА АМА СЕГА СМЕ ВО ПРВИТЕ ТРИ ЗЕМЈИ ВО ЕВРОПА ПО РАСТ НА БДП, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

2 јуни 2026

Тетовец (47) пронајден починат во стан – нема траги на насилство

2 јуни 2026

Зеленски повторно побара од Трамп противвоздушни системи Патриот

2 јуни 2026

Пресврт во истрагата за малата Данка Илиќ: Ослободен еден од обвинетите

2 јуни 2026

Ревизорите утврдија низа неправилности во Институтот за јавно здравје

2 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, јуни 2
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Левица: Оливер Миланов од АХВ да си поднесе оставка по скандалот со млекарниците

Press OnlineBy Press Online2 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Стоматологот Оливер Миланов, по некоја случајност директор на АХВ, е најдиректно одговорен за сѐ што се случува со квалитетот, тоест, што се произведува, увезува и продава низ супермаркетите како храна, а која ја консумираат нашите сограѓани.

После скандалите со корупција и мито во другите надлежни агенции и инспекторатот под капата на МЗШВ, сега имаме и мега скандал со небезбедна храна пуштена по маркетите. Наместо навремена контрола и заштита на јавното здравје надлежните дозволиле производи со состав различен од декларираниот да стигнат до илјадници граѓани. Неправилности биле утврдени кај производи на Бела фарм, ПК Златибор, Маврово, Милком, Сентис АГ, Ѓорѓиеви, Тетовска млекара, Продукт и Норд милк.

Особено индикативно е што меѓу компаниите, за кои се утврдени неправилности, е и млекарата „Ѓоргиеви“ од Радовиш, чиј сопственик е советник од редовите на ДПМНЕ. Тоа отвара сомнеж за евентуално политичко влијание и институционална заштита. Исто така овој факт ги отвара и прашањата за тоа зошто надлежните не ги објавија имињата на млекарите кај кои се најдени неправилности, но и за висините на казните кои треба да ги платат, односно 3500 евра, што е повеќе од смешна сума за голема и профитабилна млекара.

Левица уште од самиот почеток на аферите во МЗШВ јавно бара оставка од министерот Цветан Трипуновски, но после овој скандал со млечните производи оставка освен од министерот бараме и од директорот на АХВ, како и преземање на сите мерки за утврдување на негова најдиректна кривична одговорност.

Јавноста има право да знае колку долго траеле овие злоупотреби, кој дозволил производи што не одговараат на декларираниот состав да се продаваат како млеко и млечни производи и дали зад целиот случај стои организирана мрежа на институционална неодговорност, корупција и политичка заштита.

Поврзани содржини

МОЖЕ НЕКОЈ ДА СЕ ИСМЕВА АМА СЕГА СМЕ ВО ПРВИТЕ ТРИ ЗЕМЈИ ВО ЕВРОПА ПО РАСТ НА БДП, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

2 јуни 2026

Тетовец (47) пронајден починат во стан – нема траги на насилство

2 јуни 2026

Ревизорите утврдија низа неправилности во Институтот за јавно здравје

2 јуни 2026
НАЈНОВО

МОЖЕ НЕКОЈ ДА СЕ ИСМЕВА АМА СЕГА СМЕ ВО ПРВИТЕ ТРИ ЗЕМЈИ ВО ЕВРОПА ПО РАСТ НА БДП, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

2 јуни 2026

Тетовец (47) пронајден починат во стан – нема траги на насилство

2 јуни 2026

Зеленски повторно побара од Трамп противвоздушни системи Патриот

2 јуни 2026

Пресврт во истрагата за малата Данка Илиќ: Ослободен еден од обвинетите

2 јуни 2026

Ревизорите утврдија низа неправилности во Институтот за јавно здравје

2 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.