Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Филибек: СДСМ го трасираше патот кон европската интеграција, иднината на Северна Македонија е во ЕУ

8 јуни 2026

Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

8 јуни 2026

ВЛЕН: Она што ДУИ не го направи за 25 години, ВЛЕН го прави за 25 месеци

8 јуни 2026

Филипче: СДСМ е таму каде што му е местото – на страната на народот, на работникот и младите

8 јуни 2026

ОЈО- Обид за убиство поради банална сообраќајка во Скопје – се бара притвор за двајца браќа

7 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

СДСМ: На денот кога Кошта го потврди СДСМ – Мицкоски го апси Богоев

Press OnlineBy Press Online3 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На денот кога претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта пристигна во Македонија, кој го потврди она што го говори СДСМ и порача дека без внесување на малцинствата во Уставот нема поместување од мртва точка, токму тогаш предмет за Стефан Богоев.



Дали има некој што верува во ова партизирано судство и обвинителство после нарачките на Мицкоски преку собраниската говорница, на телевизија и на крај директно преку телефон?, наведува СДСМ во соопштение.

Дали има некој што може да каже дека ова е вистински или сепак станува збор за монтиран случај во денот кога Мицкоски добива критики, кога сите негови лаги пред граѓаните се на виделина?

Политички прогон, обид за дефокусирање од критиките што доаѓаат од Европската Унија, откако уште еднаш се потврди дека Македонија стои во место поради криминалот и корупцијата на власта и поради неспроведувањето на реформите?

Тоа најдобро го знае самиот Мицкоски, кој денес се однесува како организатор на секој процес во државата.

Мицкоски со неговите „чувства“ веќе со денови јавно го најавуваше ова апсење.

Додека режира спектакли за јавноста, остануваат неодговорени многу сериозни прашања.

Со месеци нема одговор што се случи со петте тони дрога што ја поминаа границата и завршија кај сестринската партија СНС.

Нема одговорност за низа скандали кои ги објави Антикорупцискиот тим на СДСМ. Нема ништо за 161 тендер за семејна фирма на Томовски, за 93 тендери за Мастеф, за 51 тендер за „Пирамид Билдинг“, за 74 тендери за „Ленди Груп“, за 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, за 1,2 милиони евра тендер преку Пошта за фирма блиска до ЗНАМ.

Нема борбата против криминалот и корупцијата, нема реформи, нема напредок кон ЕУ

Наместо институции што работат независно, гледаме јавни најави на истраги и апсења од страна на премиерот Мицкоско, што ги потврдува сериозните сомнежи за целосно политичко влијание врз правосудниот систем.

Оваа техника – прво најава, потоа апсење, па водење кампања против опозицијата – Вучиќ ја практикува со години. Мицкоски и тука работи по принципот copy-paste.

Кога знаеме дека ВМРО изгуби околу 150.000 гласа и дека поради лагите на Мицкоски неговиот рејтинг сериозно опаѓа, граѓаните можат само да помислат дека и ова е уште една од познатите ПР-кампањи на ВМРО и организираната криминална група

Наместо резултати, гледаме спектакли. Наместо реформи, гледаме политички театар. Наместо одговори за реалните проблеми на граѓаните, гледаме обиди за дефокусирање на јавноста.

Мицкоски постојано создава театар за јавноста. Театар има секој ден. Резултати нема. Затоа на Македонија ѝ се потребни независно судство, независно обвинителство и соработка со Европското јавно обвинителство.

Само така граѓаните ќе можат да ја вратат довербата во институциите. Само така секој што се огрешил од законот ќе одговара, без разлика на функцијата, партијата или политичката припадност.

Затоа Фронтот се обедини околу најважната работа – Антикорупцискиот закон.

Законот мора да биде еднаков за сите. Секој што се огрешил од законот мора да одговара.

 

 



Поврзани содржини

Филибек: СДСМ го трасираше патот кон европската интеграција, иднината на Северна Македонија е во ЕУ

8 јуни 2026

Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

8 јуни 2026

ВЛЕН: Она што ДУИ не го направи за 25 години, ВЛЕН го прави за 25 месеци

8 јуни 2026
НАЈНОВО

Филибек: СДСМ го трасираше патот кон европската интеграција, иднината на Северна Македонија е во ЕУ

8 јуни 2026

Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

8 јуни 2026

ВЛЕН: Она што ДУИ не го направи за 25 години, ВЛЕН го прави за 25 месеци

8 јуни 2026

Филипче: СДСМ е таму каде што му е местото – на страната на народот, на работникот и младите

8 јуни 2026

ОЈО- Обид за убиство поради банална сообраќајка во Скопје – се бара притвор за двајца браќа

7 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.