Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Филибек: СДСМ го трасираше патот кон европската интеграција, иднината на Северна Македонија е во ЕУ

8 јуни 2026

Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

8 јуни 2026

ВЛЕН: Она што ДУИ не го направи за 25 години, ВЛЕН го прави за 25 месеци

8 јуни 2026

Филипче: СДСМ е таму каде што му е местото – на страната на народот, на работникот и младите

8 јуни 2026

ОЈО- Обид за убиство поради банална сообраќајка во Скопје – се бара притвор за двајца браќа

7 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Тренчевска: Со ВМРО, Македонија е само лидер по сиромаштија, криминал и изолација

Press OnlineBy Press Online3 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во моментов Македонија е лидер по најкриминална власт, лидер по најниска минимална плата, лидер по тоа што граѓаните не можат да сврзат крај со крај со платата која ја земаат, нагласи потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во емисијата „24 Анализа“. Тречевска посочи дека со ВМРО на власт, Македонија денес државата е уназадена во секој сегмент – економски, институционален и европски, додека граѓаните се соочуваат со сè потежок животен стандард и изолација.

„Во моментот Македонија е лидер по најкриминалната власт со делење на тендери помеѓу пријатели. Лидер е по најниска минимална плата, лидер по тоа што граѓаните не можат да сврзат крај со крај со платата која ја земаат. Лидер по тоа што сме единствени во регионот, можеби и пошироко, што немаме никакви антикризни мерки за да може да имаат граѓаните повеќе пари во семејниот буџет. По тоа сме лидери, а не лидери по никакви реформи за кои власта манипулира и лаже, ниту пак сме лидер по никакви политики кои што носат благосостојба во државата“, рече Тренчевска.

Тренчевска, додаде дека Владата на ВМРО свесно манипулира и реализацијата на реформската агенда, обидувајќи да прикаже дека успех.

„Велат од ВМРО да бидеме горди на успесите што оваа Влада ги постигнува во делот на реформската агенда. На што да бидеме горди? На тоа што е напишано во реформската агенда и што не е испорачано. Црна Гора ги затвори сите поглавја и сега започнува да се подготвува договорот за пристапување кон Европската Унија. Албанија добила зелено светло и за последното поглавје. За какви реформи зборува оваа власт, освен за политичка манипулација, кога не сме мрднати ни чекор напред“, рече Тренчевска.

Во дебатата, Тренчевска посочи дека ВМРО не сака европски вредности, затоа го блокираше европскиот пат на државата, и не ги испорачува реформите.

„ВМРО не се бори за европски вредности затоа што кога би продолжиле со европскиот пат ќе има поголема контрола и од страна на Европската Унија за трошењето на парите. Ќе има поголема контрола и за притисокот врз обвинителството и судството. Ним не им е од интерес да имаме европска перспектива, туку напротив сакаат да ја остават државата и граѓаните во таа состојба во којашто е сега, без перспектива за младите и младите да ни се иселуваат“, рече потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска.

Поврзани содржини

Филибек: СДСМ го трасираше патот кон европската интеграција, иднината на Северна Македонија е во ЕУ

8 јуни 2026

Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

8 јуни 2026

ВЛЕН: Она што ДУИ не го направи за 25 години, ВЛЕН го прави за 25 месеци

8 јуни 2026
НАЈНОВО

Филибек: СДСМ го трасираше патот кон европската интеграција, иднината на Северна Македонија е во ЕУ

8 јуни 2026

Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

8 јуни 2026

ВЛЕН: Она што ДУИ не го направи за 25 години, ВЛЕН го прави за 25 месеци

8 јуни 2026

Филипче: СДСМ е таму каде што му е местото – на страната на народот, на работникот и младите

8 јуни 2026

ОЈО- Обид за убиство поради банална сообраќајка во Скопје – се бара притвор за двајца браќа

7 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.