Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Димитријевиќ за случајот на Богоев: Има ли некој што верува дека ова не е монтиран случај? Прочитани сте

4 јуни 2026

Унгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство

4 јуни 2026

Жалба за притворот на Богоев

4 јуни 2026

Падна мал авион кај Пула во Хрватска, загинаа четворица

4 јуни 2026

Силно невреме со поројни дождови и грмежи зафати делови од Македонија

4 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, јуни 4
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Пари за седници без присуство, спорни исплати и набавки без тендер – извештај на ДЗР за Академијата за судии и јавни обвинители за 2024 г.

Press OnlineBy Press Online4 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Меѓу позначајните наоди на ревизорите се исплатите на надоместоци за членовите на Управниот одбор и Програмскиот совет. Нивните надоместоци биле исплаќани во полн износ на месечно ниво, без да се земе предвид присуството на седниците, а во одредени случаи исплати биле вршени и во месеци кога не биле одржани состаноци



Во делот на јавните набавки, ревизорите констатирале дека Академијата во периодот од 2011 до 2023 година користела ист економски оператор преку постапки на преговарање без објавување оглас. Во дел од тендерските постапки биле утврдени критериуми кои не биле директно поврзани со предметот на набавката, а во одредени случаи биле набавувани стоки и услуги без спроведување соодветна постапка за јавна набавка

Државниот завод за ревизија (ДЗР) откри повеќе неправилности во работењето на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, меѓу кои спорни исплати на надоместоци, прекршувања на процедурите за јавни набавки и слабости во контролата на трошењето на јавните средства. Наодите се содржани во конечниот ревизорски извештај за 2024 година.

 

 

Зградата во која е сместена Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ / Фото: Принтскрин

Меѓу позначајните наоди на ревизорите се исплатите на надоместоци за членовите на Управниот одбор и Програмскиот совет.

 

Според извештајот, надоместоците биле исплаќани во полн износ на месечно ниво, без да се земе предвид присуството на седниците, а во одредени случаи исплати биле вршени и во месеци кога не биле одржани состаноци. За оваа намена биле исплатени околу 57 000 евра, од кои приближно 32 000 евра за членовите на Управниот одбор и 25 000 евра за членовите на Програмскиот совет.

Ревизијата утврдила и неправилности во исплатата на прекувремена работа. Констатирано е и надминување на законскиот максимум за прекувремена работа, а не било извршено претходно писмено известување до трудовиот инспектор за воведување прекувремена работа.

Дел од вработените добивале надомест за прекувремени часови во денови кога им биле исплатени и дневници за службени патувања во странство или за присуствуво на седници што се одржувале во рамките на редовното работно време. Според извештајот, овие состојби укажуваат на слабости во системот на внатрешни контроли.

Дел од договорите со менторите биле склучени по завршувањето на нивниот ангажман

Наоди се констатирани и во спроведувањето на почетната обука за осмата генерација слушатели. Втората фаза од обуката доцнела три месеци, што довело до дополнителни трошоци за ментори и координатори од околу 33 илјади евра. Ревизорите утврдиле дека дел од договорите со менторите биле склучени по завршувањето на нивниот ангажман, а биле вршени и исплати на координатори и членови на комисии за оценување на практичната настава, иако нивниот статус и правото на надомест не се уредени со Законот за Академијата.

Во делот на јавните набавки, ревизорите констатирале дека Академијата во периодот од 2011 до 2023 година користела ист економски оператор преку постапки на преговарање без објавување оглас. Во дел од тендерските постапки биле утврдени критериуми кои не биле директно поврзани со предметот на набавката, а во одредени случаи биле набавувани стоки и услуги без спроведување соодветна постапка за јавна набавка.

Нема евиденција за користењето на картичките за гориво

Дополнително, Ревизијата нотира и слабости во контролата на користењето картички за гориво, односно дека не била воспоставена соодветна евиденција за користењето на овие картички.

 

Ревизорскиот извештај нотира слабости и во организацијата на испитниот процес. По нефункционалноста на системот за електронско тестирање, приемните испити биле спроведувани во хартиена форма, при што тестовите не биле сериски нумерирани, а обработката на резултатите доцнела.

 

Во забелешките на нацрт-извештајот, поранешната директорка Наташа Габер-Дамјановска навела дека дел од утврдените состојби се резултат на објективни околности и на истовремено спроведување на повеќе генерации слушатели.

Државниот завод за ревизија ги разгледал забелешките и останал на своите наоди и препораки за подобрување на системот на контроли и управување во институцијата.



Поврзани содржини

Димитријевиќ за случајот на Богоев: Има ли некој што верува дека ова не е монтиран случај? Прочитани сте

4 јуни 2026

Жалба за притворот на Богоев

4 јуни 2026

Силно невреме со поројни дождови и грмежи зафати делови од Македонија

4 јуни 2026
НАЈНОВО

Димитријевиќ за случајот на Богоев: Има ли некој што верува дека ова не е монтиран случај? Прочитани сте

4 јуни 2026

Унгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство

4 јуни 2026

Жалба за притворот на Богоев

4 јуни 2026

Падна мал авион кај Пула во Хрватска, загинаа четворица

4 јуни 2026

Силно невреме со поројни дождови и грмежи зафати делови од Македонија

4 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.