Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

5 јуни 2026

Калајџиев за случајот „Мазут“: Не е јасно каде е криминалот, а никој не прашува кој ќе одговара за штетата врз осомничените

5 јуни 2026

Битиќи: Економската лага на Мицкоски се распаѓа на каса во маркет

5 јуни 2026

ЃОРЃИЕВСКИ НАМЕСТО ДА БИРА ДИРЕКТОР – УНИВЕРЗАЛНА ДА ЈА СТАВИ ВО МИРУВАЊЕ

5 јуни 2026

Инцидент во здравствена установа во Центар: Скопјанка пријавила дека била нападната од нејзина претпоставена

5 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, јуни 5
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Почина македонскиот балетски првенец и светски уметник Хазарос Сурмејан

Press OnlineBy Press Online4 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Националната опера и балет објави дека на 83-годишна возраст почина Хазарос Сурмејан (1943–2026), македонски балетски уметник и кореограф, кој остави значаен белег во македонската и светската балетска уметност.

 

Познатиот балетски творец, роден во Скопје, а починат во канадскиот град Торонто, изгради извонредна професионална кариера која траеше повеќе од пет децении. Своето образование и творечки пат ги започна во Македонија, а првиот професионален ангажман го оствари во Македонскиот народен театар во периодот од 1958 до 1961 година, каде остави забележителна трага со улогите на Бенволио во „Ромео и Јулија“, Џокер во „Фантастичен дуќан“ и Кашеј во „Жар-птица“.

„Потоа ја продолжи својата кариера во балетските трупи во Келн и Минхен, за подоцна да премине во Националниот балет на Канада, каде што работеше цели 54 години. Таму ја достигна највисоката позиција – првенец, изведувајќи голем број насловни улоги на кои им даде особен индивидуален печат. Во текот на својата извонредна кариера беше ценет по своите технички квалитети, импресивно сценско присуство и исклучителна уметничка изразност. Кон крајот на осумдесеттите години повторно се врати во Македонскиот народен театар, овојпат како кореограф. На 22 април 1987 година ја постави „Ромео и Јулија“ на музика од Сергеј Прокофјев (балетот доживеа обнови на 7 ноември 2003 и 23 март 2007 година). Во 2003 година го постави балетот „Ана Каренина“ на компилирана музика од Петар Илич Чајковски“, стои во објавата.

 

Иако најголемиот дел од својот богат творечки пат го помина во големите странски балетски центри, Хазарос Сурмејан остави силен и траен белег во македонската танцова уметност, афирмирајќи ја како рамноправен дел од светската балетска сцена.



Поврзани содржини

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

5 јуни 2026

Калајџиев за случајот „Мазут“: Не е јасно каде е криминалот, а никој не прашува кој ќе одговара за штетата врз осомничените

5 јуни 2026

Битиќи: Економската лага на Мицкоски се распаѓа на каса во маркет

5 јуни 2026
НАЈНОВО

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

5 јуни 2026

Калајџиев за случајот „Мазут“: Не е јасно каде е криминалот, а никој не прашува кој ќе одговара за штетата врз осомничените

5 јуни 2026

Битиќи: Економската лага на Мицкоски се распаѓа на каса во маркет

5 јуни 2026

ЃОРЃИЕВСКИ НАМЕСТО ДА БИРА ДИРЕКТОР – УНИВЕРЗАЛНА ДА ЈА СТАВИ ВО МИРУВАЊЕ

5 јуни 2026

Инцидент во здравствена установа во Центар: Скопјанка пријавила дека била нападната од нејзина претпоставена

5 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.