Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Брутални судири меѓу демонстрантите и полицијата во Брисел (видео)

4 јуни 2026

„Уривање на унитаризмот“ наспроти „театар и шоу“ – жестока пресметка меѓу пратениците Албанци за правичната застапеност

4 јуни 2026

Жесток судир на нервозниот Рама со новинарка на Си-Ен-Ен: Ние не убиваме фламинга

4 јуни 2026

(ВИДЕО) Битиќи: Нова манипулација на Мицкоски за БДП, со инфлација од 5,7% животниот стандард паѓа

4 јуни 2026

Александер Стуб предлага ЕУ да се прошири дури на 40 земји

4 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, јуни 4
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Разбиена шема за нелегално посвојување: Бебе предадено за 500 евра и други бенефиции

Press OnlineBy Press Online4 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Кривична пријава против шест лица за организирање и реализирање на незаконско посвојување на дете. Имено, ја убедиле мајката за 500 евра и за бесплатни гинеколошки прегледи, да го предаде детето на други.



Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Ф.А.(63), Ѓ.К.(57), И.Ш.(35), Џ.Ш.(35), сите од Скопје, како и против С.Ј.(35) од Куманово и И.А.(38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“. Во текот на 2024 и 2025 година, Ф.А. и Ѓ.К. го извршиле делото по пат на незаконско посвојување на новородено бебе. Имено, Ф.А. користејќи ја својата положба на згрижувач на деца, воспоставила контакти со заинтересирани брачни парови.

Додека, Ѓ.К., по претходен нивен договор, а поради избегнување на процедурата за посвојување на деца согласно Законот за семејство, ја користела нивната бременост, тешка материјална и социјална состојба. Имено, поради тоа што не можеле да се грижат за нивните новородени деца, ги доведувала родителите во заблуда и ги убедувала да реализираат за одреден паричен надомест и други бенефиции незаконско посвојување на нивното новородено бебе.

На тој начин успеале да ја убедат С.Ј., која живеела во вонбрачна заедница со нејзиниот невенчан сопруг И.А., за финансиска помош од 500 евра и бесплатни гинеколошки прегледи да реализираат незаконско посвојување на нивното новородено бебе. По отпуст од болница, С.Ј. и нејзиното бебе биле прифатени од Ф.А. и превезени до нивниот дом каде пристигнале пријавените И.Ш. и Џ.Ш. и во својство на „посвоители“ го земале бебето и го однеле во својот дом. Во врска со наведеното, на 17.10.2025 бил склучен договор за заем на 500 евра помеѓу Џ.Ш. како заемодавач и И.А. како заемопримач, кои истиот ден му биле исплатени на И.А. како надомест за незаконито посвојување на нивното бебе. Од судија на претходна постапка на лицата им е определена мерка домашен притвор.

Поврзани содржини

„Уривање на унитаризмот“ наспроти „театар и шоу“ – жестока пресметка меѓу пратениците Албанци за правичната застапеност

4 јуни 2026

(ВИДЕО) Битиќи: Нова манипулација на Мицкоски за БДП, со инфлација од 5,7% животниот стандард паѓа

4 јуни 2026

Адмирал ја поддржа меѓународната акција за чистење на дното на Охридското Езеро

4 јуни 2026
НАЈНОВО

Брутални судири меѓу демонстрантите и полицијата во Брисел (видео)

4 јуни 2026

„Уривање на унитаризмот“ наспроти „театар и шоу“ – жестока пресметка меѓу пратениците Албанци за правичната застапеност

4 јуни 2026

Жесток судир на нервозниот Рама со новинарка на Си-Ен-Ен: Ние не убиваме фламинга

4 јуни 2026

(ВИДЕО) Битиќи: Нова манипулација на Мицкоски за БДП, со инфлација од 5,7% животниот стандард паѓа

4 јуни 2026

Александер Стуб предлага ЕУ да се прошири дури на 40 земји

4 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.