Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Александер Стуб предлага ЕУ да се прошири дури на 40 земји

4 јуни 2026

Во Албанија врие. Големи протести против Рама за луксузниот ресорт на зетот на Трамп

4 јуни 2026

Адмирал ја поддржа меѓународната акција за чистење на дното на Охридското Езеро

4 јуни 2026

Лефков: Богоев по стапките на менторот Заев си побарал мито од 2.000 евра за да намести тендер во Царина вреден 300 илјади евра

4 јуни 2026

Странски работници во Италија заклучени во автомобил и живи запалени

4 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, јуни 4
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

СДСМ: Кошта потврди дека Мицкоски лаже, Вајц потврди дека реформи нема

Press OnlineBy Press Online4 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Кошта јасно и недвосмислено порача дека уставните измени се единствениот услов за формално отворање на пристапните преговори со Европската Унија.



И ништо повеќе, како што рече.

Нема „дополнителни гаранции“, нема „нова преговарачка рамка“, нема „уставни измени со одложено дејство“.

Ова беа лаги со која Христијан Мицкоски ја манипулираше јавноста.

Тој ветуваше дека ќе обезбеди подобри услови за преговори, дека ќе ја смени преговарачката рамка и дека ќе донесе некакви гаранции“.

Денес, според СДСМ, откако и самиот Кошта ја кажа вистината, сите тие лаги паднаа во вода.

„Додека Мицкоски секојдневно пласира нови измислици за Европа, од Брисел пристигна и втора порака – нема реформи.

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, и членовите на Комитетот за надворешни работи во Ивештај констатира дека не е постигнат напредок, особено во владеењето на правото, судските реформи и борбата против корупцијата.

Европратениците во Комитетот јасно ги посочуваат манипулациите и дезинформациите преку „странско непријателско мешање и кампањи за дезинформации“, што е уште една силна потврда на она што го говори СДСМ за поврзаноста на ВМРО со СНС на Вучиќ и нивните кампањи“.

Според опозициската партија, Мицкоски и неговата организирана криминална група не сакаат европска интеграција затоа што ЕУ носи независно судство, силни институции, европски стандарди и одговорност за секој што го прекршил законот.

„Со Мицкоски нема европска иднина, нема подобар животен стандард и нема перспектива за младите.

Има само изолација, стагнација и продолжување на кражбата.

Реформи сега.

Европа сега.

Распишете референдум веднаш.

Граѓаните сами нека одлучат – интеграција или изолација“, велат од СДСМ.

Поврзани содржини

Адмирал ја поддржа меѓународната акција за чистење на дното на Охридското Езеро

4 јуни 2026

Лефков: Богоев по стапките на менторот Заев си побарал мито од 2.000 евра за да намести тендер во Царина вреден 300 илјади евра

4 јуни 2026

Разбиена шема за нелегално посвојување: Бебе предадено за 500 евра и други бенефиции

4 јуни 2026
НАЈНОВО

Александер Стуб предлага ЕУ да се прошири дури на 40 земји

4 јуни 2026

Во Албанија врие. Големи протести против Рама за луксузниот ресорт на зетот на Трамп

4 јуни 2026

Адмирал ја поддржа меѓународната акција за чистење на дното на Охридското Езеро

4 јуни 2026

Лефков: Богоев по стапките на менторот Заев си побарал мито од 2.000 евра за да намести тендер во Царина вреден 300 илјади евра

4 јуни 2026

Странски работници во Италија заклучени во автомобил и живи запалени

4 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.