Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

5 јуни 2026

Калајџиев за случајот „Мазут“: Не е јасно каде е криминалот, а никој не прашува кој ќе одговара за штетата врз осомничените

5 јуни 2026

Битиќи: Економската лага на Мицкоски се распаѓа на каса во маркет

5 јуни 2026

ЃОРЃИЕВСКИ НАМЕСТО ДА БИРА ДИРЕКТОР – УНИВЕРЗАЛНА ДА ЈА СТАВИ ВО МИРУВАЊЕ

5 јуни 2026

Инцидент во здравствена установа во Центар: Скопјанка пријавила дека била нападната од нејзина претпоставена

5 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, јуни 5
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Битиќи: Економската лага на Мицкоски се распаѓа на каса во маркет

Press OnlineBy Press Online5 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Економската лага на Христијан Мицкоски се распаѓа на каса во маркет, обвини пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, посочувајќи дека Владата со лаги се обидува од една статистичка бројка да создаде „економска бајка“, додека граѓаните секојдневно се соочуваат со сè поскапи производи и намалена куповна моќ.

„Да ја извадиме економијата од владиниот прес-центар и да ја сместиме таму каде што ѝ е местото , на пазар и во маркет. А таму со 1.000 денари може да се купат 2 килограми цреши по 140 денари, 1,5 килограм праски по 95 денари, 1,5 килограм кајсии по 130 денари, една табла од 30 јајца за 275 денари и само 150 грама пилешки стек. Значи, една илјадарка едвај покрива неколку килограми сезонско овошје, една табла јајца и мало парче месо“, потенцираше Битиќи на денешната прес-конференција.

Битиќи нагласи дека економските резултати не се мерат со политички пораки и самопофалби, туку со реалниот животен стандард на граѓаните.

„Економијата не се мери со самопофалби, туку со тоа што граѓаните реално можат да купат со својата плата, колку килограми овошје, колку месо, колку литри млеко, колку бензин, колку денови им се исполнети со достоинствен живот. Кога граѓаните плаќаат повеќе за истите производи, номиналната потрошувачка расте. Но тоа не значи подобар живот, тоа значи поскап живот“, појасни Битиќи.

Битиќи укажа на фактот дека храната и безалкохолните пијалаци се поскапени за околу 8 отсто на годишно ниво, додека инфлацијата во земјава изнесува 5,7 отсто и е повисока од просекот во Европската Унија и еврозоната.

Осврнувајќи се на владините тврдења за некаков „економски успех“, Битиќи посочи дека иако Државниот завод за статистика регистрирал раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал, истиот извештај покажува дека финалната потрошувачка учествува со дури 86,4 отсто во БДП, што значи дека растот главно се темели на потрошувачка во услови на високи цени.

„Премиерот Мицкоски прво ја прогласи Македонија за „третата најбрзорастечка економија во Европа“, а вчера ја спушти амбицијата на „првите пет земји во Европа според растот на БДП“. Но и во едниот и во другиот случај станува збор за иста политичка намера, од една статистичка бројка да се направи економска бајка, додека граѓаните живеат во кошмарна економска реалност“, рече Битиќи.

Тој нагласи дека БДП расте за 3,1 отсто, а инфлацијата изнесува 5,7 отсто, што значи дека цените растат побрзо од економијата, а граѓаните трошат повеќе пари и добиваат помалку производи за возврат.

„Владата може да слави проценти, но граѓаните секој ден бројат денари. Вистински економски напредок, постои само тогаш кога граѓаните со својата плата можат да купат повеќе, да живеат посигурно и да ја планираат иднината без страв од нови поскапувања и повисоки сметки, потенцираше пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

Поврзани содржини

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

5 јуни 2026

Калајџиев за случајот „Мазут“: Не е јасно каде е криминалот, а никој не прашува кој ќе одговара за штетата врз осомничените

5 јуни 2026

ЃОРЃИЕВСКИ НАМЕСТО ДА БИРА ДИРЕКТОР – УНИВЕРЗАЛНА ДА ЈА СТАВИ ВО МИРУВАЊЕ

5 јуни 2026
НАЈНОВО

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

5 јуни 2026

Калајџиев за случајот „Мазут“: Не е јасно каде е криминалот, а никој не прашува кој ќе одговара за штетата врз осомничените

5 јуни 2026

Битиќи: Економската лага на Мицкоски се распаѓа на каса во маркет

5 јуни 2026

ЃОРЃИЕВСКИ НАМЕСТО ДА БИРА ДИРЕКТОР – УНИВЕРЗАЛНА ДА ЈА СТАВИ ВО МИРУВАЊЕ

5 јуни 2026

Инцидент во здравствена установа во Центар: Скопјанка пријавила дека била нападната од нејзина претпоставена

5 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.