Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

До вторник сончево и топло, потоа променливо облачно со повремени врнежи од дожд

28 јуни 2026

Украина нападна руски рафинерии за нафта во текот на ноќта

28 јуни 2026

Стружанка ги оставила своите деца да спијат во кола додека била на работа

28 јуни 2026

Единаесетгодишно дете извлечено од урнатините три дена по земјотресите во Венецуела

28 јуни 2026

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

28 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

„Вештачката интелигенција е поддршка, но не и замена за лекарите“, вели Алиу на состанокот на СЗО

Press OnlineBy Press Online5 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за здравство, Азир Алиу, од Рига порача дека малите држави можат да бидат лидери во примената на иновативни и дигитални решенија во здравствените системи и покрај ограничените ресурси и предизвиците со кои се соочуваат.



Алиу учествува на дванаесеттиот состанок на високо ниво на Иницијативата за мали земји на Светската здравствена организација, што се одржува во Рига. Главна тема на дводневниот собир е како малите европски држави да создадат одржливи и иновативни решенија за здравствените системи во услови на недостиг на кадар, стареење на населението и зголемени потреби на пациентите.

„Малите земји не секогаш имаат најголеми ресурси, но можат да имаат најбрза адаптација, најдобра координација и најсилна политичка волја за промени. Нашата цел е да изградиме здравствен систем кој подобро го користи знаењето на здравствените работници, го намалува административниот товар и им овозможува повеќе време за пациентите“, истакна Алиу.

Во рамки на сесијата посветена на оптимизацијата на здравствената работна сила, министерот ја претстави Националната стратегија за дигитално здравство 2026–2030 како еден од клучните реформски процеси во земјата. Тој нагласи дека дигитализацијата не претставува само технолошка модернизација, туку средство за подобра организација на здравствениот систем и поквалитетна грижа за пациентите.

Алиу ги претстави и активностите што Министерството за здравство ги презема во наредниот период, меѓу кои се воведување дигитализирани патеки на лекување, приоритетно упатување и тријажа, развој на мултидисциплинарни тимови и пилот-проект за теледерматологија, со цел специјалистичките услуги да станат подостапни за жителите во руралните и оддалечените средини.

Тој се осврна и на новиот Закон за евиденциите во здравството, кој треба да придонесе за усогласување со европските стандарди за управување со здравствените податоци, како и на унапредувањето на националниот регистар на здравствени работници.

На панелот посветен на дигиталната технологија и вештачката интелигенција, Алиу порача дека вештачката интелигенција може значително да помогне во модернизацијата на здравството, но не смее да ја замени човечката одговорност и професионалната проценка на здравствените работници.

Учеството на министерот во Рига е дел од активностите за продлабочување на соработката со европските здравствени институции и размена на искуства за примена на современи решенија што треба да ја зголемат ефикасноста и одржливоста на здравствениот систем во земјата.



Поврзани содржини

До вторник сончево и топло, потоа променливо облачно со повремени врнежи од дожд

28 јуни 2026

Стружанка ги оставила своите деца да спијат во кола додека била на работа

28 јуни 2026

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

28 јуни 2026
НАЈНОВО

До вторник сончево и топло, потоа променливо облачно со повремени врнежи од дожд

28 јуни 2026

Украина нападна руски рафинерии за нафта во текот на ноќта

28 јуни 2026

Стружанка ги оставила своите деца да спијат во кола додека била на работа

28 јуни 2026

Единаесетгодишно дете извлечено од урнатините три дена по земјотресите во Венецуела

28 јуни 2026

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

28 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.