Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

МВР: За убиство на 48-годишна жена, лишени од слобода четири лица

28 јуни 2026

Одборот за мир на Трамп планира да си додели широк имунитет во Газа

28 јуни 2026

Младеновска: Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

28 јуни 2026

До вторник сончево и топло, потоа променливо облачно со повремени врнежи од дожд

28 јуни 2026

Украина нападна руски рафинерии за нафта во текот на ноќта

28 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Претставничкиот дом на САД одобри помош за Украина и нови санкции против Русија

Press OnlineBy Press Online5 јуни 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри пакет помош за Украина и нови санкции против Русија, откако 18 републикански конгресмени им се придружија на демократите при гласањето.

Пакетот е усвоен со 226 гласа „за“ и 195 „против“, што претставува прва голема проукраинска мерка изгласана за време на вториот мандат на претседателот Доналд Трамп

Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, претходно ги повикал членовите на својата партија да се спротивстават на мерката, наведувајќи дека треба да му се остави простор на Трамп за преговори со Русија, објави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на извор присутен на состанок зад затворени врати.

Законот предвидува нови санкции против руски државни претставници и институции, како и против водечки банки, нафтени и рударски компании. Меѓу мерките се и царини од 500 проценти за руски производи увезени во САД и забрана за увоз на руска сирова нафта.

Новата воена поддршка за Украина предвидеува осум милијарди долари за продажба на оружје, како и продолжување на програмата за воен заем и лизинг воведена за време на администрацијата на Џо Бајден.

Доколку законот биде усвоен и во Сенатот, тоа би претставувало прв голем потег на американскиот Конгрес поврзан со војната меѓу Украина и Русија по контроверзниот пакет дополнително финансирање усвоен во 2024 година. 

Поврзани содржини

Одборот за мир на Трамп планира да си додели широк имунитет во Газа

28 јуни 2026

Украина нападна руски рафинерии за нафта во текот на ноќта

28 јуни 2026

Единаесетгодишно дете извлечено од урнатините три дена по земјотресите во Венецуела

28 јуни 2026
НАЈНОВО

МВР: За убиство на 48-годишна жена, лишени од слобода четири лица

28 јуни 2026

Одборот за мир на Трамп планира да си додели широк имунитет во Газа

28 јуни 2026

Младеновска: Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

28 јуни 2026

До вторник сончево и топло, потоа променливо облачно со повремени врнежи од дожд

28 јуни 2026

Украина нападна руски рафинерии за нафта во текот на ноќта

28 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.