Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Скопјанец лажно се претставил како лекар од Италија и барал 35.000 евра

25 јуни 2026

Голем земјотрес регистриран и во Јапонија (Видео)

25 јуни 2026

„Обвинителството мора да реагира за Јанушев, Законот предвидува и до 5 години затвор“, велат од СДСМ

25 јуни 2026

Објавено видео од земјотресот во хотелот од кој луѓето на Трамп управуваат со Венецуела

25 јуни 2026

Гебреисус: Горештините се закана по јавното здравје и имаат смртоносен потенцијал

25 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Шест од десет Грци бараат политичка промена, седум од десет сметаат дека земјата оди во погрешна насока

Press OnlineBy Press Online5 јуни 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Речиси седум од десет анкетирани сметаат дека Грција оди во погрешна насока, 61 отсто одговориле дека на земјата ѝ е потребна политичка промена, додека пак поделено е мислење во однос на тоа дали треба да се распишат предвремени избори, покажува истражувањето на јавното спроведено до „Metron Analysis“ за грчката телевизија „Мега“, јави дописничката на МИА од Атина.

Најголеми проблеми за граѓаните се високите цени (47 отсто) и економијата (33 проценти), 69 отсто смета дека земјата оди во погрешна насока, а на лично ниво половина од анкетираните одговориле дека нивната лична состојба е полоша во споредба со една година претходно, додека само 16 отсто сметаат дека е подобра.

Анкетата покажува дека иако 61 отсто сметаат дека е потребна политичка промена,  граѓаните се поделени во однос на предвремените избори, со 49 проценти кои сметаат дека актуелната Влада треба да го исцрпи четиригодишниот мандат и изборите да се одржат следната година, а 48 отсто бараат предвремени избори.

Мнозинството од испитаниците негативно ја оценуваат работата и на Владата и на грчкиот премиер, но и на главната опозициска партија ПАСОК.

Во однос на меѓународните случувања, речиси осум од десет анкетирани (78 отсто) сметаат дека нападот на САД и Израел врз Иран не е оправдан.

На политичката сцена, во истражувањето вклучени се и новите партии ЕЛАС на поранешниот премиер Алексис Ципрас и Надеж за демократија на поранешната претседателка на Здружението на семејствата на загинатите во железничката несреќа кај Темпи, Мариа Каристиану, кои се на втората и четвртата позиција.

Владејачката Нова демократија останува на првата позиција со 22,7 проценти, ЕЛАС има рејтинг од 12,1 отсто, ПАСОК паѓа на третата позиција со 9 проценти, а потоа следат Надеж за демократија, левичарската Курс на слобода, десничарската Грчко решение и Комунистичката партија со околу 5 отсто.

На прашањето кој е најсоодветен за премиер на Грција, Мицотакис добива 28 проценти, Ципрас 14 отсто, а 27 проценти го избрале одговорот „никој“ од понудените лидери на политичките партии.

Во истражувањето на јавното спроведено на „Metron Analysis“ за грчката телевизија „Мега“, биле вклучени 1.300 лица. 

Поврзани содржини

Ако патувате за Халкидики: Целосно се затвора обиколницата кон Солун во двата правци

25 јуни 2026

Урнат облакодерот „Вјесник“, некогаш симболот на Загреб

24 јуни 2026

Хакерски напад на Плитвице: Картичките се одбиваат, продавниците се затворени…

24 јуни 2026
НАЈНОВО

Скопјанец лажно се претставил како лекар од Италија и барал 35.000 евра

25 јуни 2026

Голем земјотрес регистриран и во Јапонија (Видео)

25 јуни 2026

„Обвинителството мора да реагира за Јанушев, Законот предвидува и до 5 години затвор“, велат од СДСМ

25 јуни 2026

Објавено видео од земјотресот во хотелот од кој луѓето на Трамп управуваат со Венецуела

25 јуни 2026

Гебреисус: Горештините се закана по јавното здравје и имаат смртоносен потенцијал

25 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.