Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Единаесетгодишно дете извлечено од урнатините три дена по земјотресите во Венецуела

28 јуни 2026

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

28 јуни 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Минимум што може СДС да направи како опозиција е да ги поддржи законите од Реформската агенда, а не да прави опструкции

28 јуни 2026

Австралија се бори со технолошките гиганти за да ја задржи забраната за социјалните медиуми

28 јуни 2026

Прв протест против Радев во Бугарија. „Ова не е Москва , дај оставка!“

28 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Дали постои дил меѓу Мицкоски и Јахоски – Пуцко Петрол за случајот „Мазут“?

Press OnlineBy Press Online5 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

СДСМ денеска од пред Јавното обвинителство побара одговор на клучното прашање кое ја интересира целата јавност: дали постои дил меѓу Христијан Мицкоски и Асмир Јахоски од Пуцко Петрол за случајот „Мазут”, тежок 167 милиони евра?



Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, посочи дека постојат сериозни сомнежи за политичко влијание врз правосудниот систем и селективна правда откако овој случај беше прекинат од обинителството.

„Како тоа се одредува притвор за недокажани 1.800 евра, а се прекинува постапка за 167 милиони евра?. Како тоа бодигардот на Мицкоски условно се пушта за претепување, а за недокажани 1.800 евра се одредува притвор?”

Причината за ваквите одлуки е целосната партизација на институциите.

„Во Македонија нема правда туку целосно партизирано судство и обвинителство.”

Димитријевиќ нагласи дека ова го потврдуваат и европските институции.

„Тоа го констатира и Европскиот парламент во извештај, нема напредок во реформите, особено во владеењето на правото, реформите во правосудството и борбата против корупцијата.” додаде тој.

Генералниот секретар на СДСМ го повика обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за кои јавно рече дека ги има.

„Јавниот обвинител Ненад Савески на брифинг со новинари застана зад обвинителката која го запре случајот „Мазут” проценет на 167 милиони евра. Но, Савески кажа и една многу важна работа, дека „доколку во иднина се појават нови околности или релевантни докази, случајот може повторно да биде активиран„. Само неколку часа после брифингот на Савески и овие негови изјави, министерот Панче Тошковски, во интревју на телевизија рече дека има докази кои јавноста не ги знае и дека сите ќе бидеме шокирани. Ете го клучот, ете го решението, бараме јавниот обвинител да го повика Панче Тошковски да му ги достави доказите за кои јавно зборува дека ги има.” рече Димитријевиќ.

СДСМ најавува дека за овој случај ќе има одговорност.

„Ова ние нема да го заборавиме. По ослободување на заробените институции и враќање на власта во рацете на граѓаните, овој случај повторно ќе биде отворен”, порача Димитријевиќ.

 



Поврзани содржини

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

28 јуни 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Минимум што може СДС да направи како опозиција е да ги поддржи законите од Реформската агенда, а не да прави опструкции

28 јуни 2026

Топло време со температури до 38 Целзиусови степени

28 јуни 2026
НАЈНОВО

Единаесетгодишно дете извлечено од урнатините три дена по земјотресите во Венецуела

28 јуни 2026

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

28 јуни 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Минимум што може СДС да направи како опозиција е да ги поддржи законите од Реформската агенда, а не да прави опструкции

28 јуни 2026

Австралија се бори со технолошките гиганти за да ја задржи забраната за социјалните медиуми

28 јуни 2026

Прв протест против Радев во Бугарија. „Ова не е Москва , дај оставка!“

28 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.