Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Единаесетгодишно дете извлечено од урнатините три дена по земјотресите во Венецуела

28 јуни 2026

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

28 јуни 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Минимум што може СДС да направи како опозиција е да ги поддржи законите од Реформската агенда, а не да прави опструкции

28 јуни 2026

Австралија се бори со технолошките гиганти за да ја задржи забраната за социјалните медиуми

28 јуни 2026

Прв протест против Радев во Бугарија. „Ова не е Москва , дај оставка!“

28 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Со изведување материјални докази продолжува судењето против 13-те полицајци за пожарот во „Пулс“

Press OnlineBy Press Online5 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со изведување материјални докази, денеска, во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судскиот процес против 13-те полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а 223 беа повредени.



Пред судот беше изведен писмен извештај од Институтот за судска медицина за извршена обдукција на жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година. Ова е истиот извештај што веќе беше презентиран на главниот предмет за пожарот што се води во судницата во „Идризово“.

Според извештајот, смртта на сите 59 жртви е насилна и во најголем дел настапила како резултат од труење со јаглероден моноксид.

Кај некои од жртвите обдукциското мислење исто така констатира насилна смрт, но која настапила од задушување од притисок врз градниот кош или како резултат на недостиг на воздух и кислород во околната средина. Четири лица се починати во болница.

Обвинителството презентира и медицинска документација и податоци за повредените што се јавиле за укажување медицинска помош по пожарот – вештачења за 157 лица со тешки телесни повреди, како и оштетени кои добиле телесни повреди.

Одбраната реагираше дека денеска изведените докази не се соодветно наведени во листата на докази.

Дополнително, според нив, ако се анализираат во конкретната ситуација меѓу повредените има и полициски службеник што на критичниот настан бил на должност.

-Не знаеме на која околност се изведуваат овие докази – реагираше еден од адвокатите.

На почетокот на минатото рочиште сите 13 обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни и дека сториле сѐ што можеле.

Случајот го води судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска, а застапник на обвинението е Спасенка Андонова од ОЈОГОКК.

Обвинителката Спасенка Андонова во воведното излагање наведе дека Обвинителството спровело обемна истражна постапка и обезбедило многубројни материјални и вербални докази.

– Содржината на обезбедените докази е преточена во диспозитивниот дел на обвинението, во кој е даден опис на дејствата на обвинетите, односно начинот на кој постапувале во критичниот период што им се става на товар од 14 до 16 март 2025 и како такви несомнено надоврзани едно на друго резултирале со сериозни последици за животот и телото на граѓани – рече обвинителката.

Обвинителството тврди дека полициските службеници што биле во „Пулс“ не презеле мерки за спречување на употребата на пиротехничките средства, иако можеле да ги забележат на сцената.

Според одбраната, полициските службеници на критичниот ден биле неколку минути присутни во кабарето и почнале да работат на обврските наведени во планот за акциска контрола и не знаеле и не можеле да знаат дека воопшто ќе се користат пиротехнички средства, кои ќе предизвикаат пожар.

Во случајот обвинети се Дејан Салтировски, Ванчо Ѓорѓиевски, Марија Маневска, Томо Донев, Драган Петрушев, Кире Богатинов, Стојанче Филипов, Благица Митева, Кристина Николова, Мазлу Рамаданов, Дарко Милошевски, Мартин Арсовски и Марјан Радевски.

Сите 13 полициски службеници се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот што се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Поврзани содржини

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

28 јуни 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Минимум што може СДС да направи како опозиција е да ги поддржи законите од Реформската агенда, а не да прави опструкции

28 јуни 2026

Топло време со температури до 38 Целзиусови степени

28 јуни 2026
НАЈНОВО

Единаесетгодишно дете извлечено од урнатините три дена по земјотресите во Венецуела

28 јуни 2026

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

28 јуни 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Минимум што може СДС да направи како опозиција е да ги поддржи законите од Реформската агенда, а не да прави опструкции

28 јуни 2026

Австралија се бори со технолошките гиганти за да ја задржи забраната за социјалните медиуми

28 јуни 2026

Прв протест против Радев во Бугарија. „Ова не е Москва , дај оставка!“

28 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.