
Полициски службеници од СВР Куманово, денека во 13:00 часот во Куманово, го лишиле од слобода кумановец С.Т.(81), поради основи на сомнение дека на улицата Народна револуција во Куманово запалил стрниште и сува трева.
Како што соопшти МВР, пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема.
По целосно документирање на случајот против С.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.

