Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Филипче: На Самитот во Тиват ЕУ испрати порака дека вратите се отворени, не смееме да ја пропуштиме шансата

6 јуни 2026

Папата Лав во Шпанија: Светот повикува на мир

6 јуни 2026

Шиловиќ: Прогресивните сили од регионот со заедничка осуда на авторитарните влијанија и заканите врз демократијата

6 јуни 2026

Уапсен скопјанец – се заканувал на социјална работничка

6 јуни 2026

Во Кремљ средба Путин – Шредер

6 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, јуни 6
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Мицкоски убедува дека здравствената состојба на Лукровски барала да мирува наспроти лекарската комисија која оценила дека требе да оди на работа

Press OnlineBy Press Online6 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 



Премиерот одговараше на новинарски прашања поврзани со континуираното отсуство и боледувањето на градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, објави 4news.mk Иако лекарската комисија примила документација и оценила дека градоначалникот требало да се врати на своите работни обврски уште на 30 мај, тој сè уште не е на работното место. Ова отвори сомнежи во јавноста за можна злоупотреба на правото на боледување.

На прашањето дали ваквото отсуство претставува злоупотреба и како го коментира политичкиот контекст – дека граѓаните на Карпош на избори гласале за Лукровски да ја раководи општината, а не нејзиното водење да биде препуштено на член од Советот – премиерот одби директно да ги коментира медицинските наоди.

„Јас како што знам Сотир Лукровски е градоначалник на Карпош, здравствената состојба е таква каква што е и бара мирување и се надевам дека се ќе биде во ред и да се врати на редовно завршување на работите“, одговори премиерот.

Според Законот за локална самоуправа, граѓаните на непосредни избори го избираат градоначалникот како извршен орган кој ја менаџира општината. Кога градоначалникот е подолготрајно спречен да ги извршува своите функции (на пример, поради болест), неговите должности привремено ги презема заменик градоначалникот.

Лекарските комисии при Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) се единствените надлежни тела за одобрување, продолжување и евалуација на боледувањата кои траат подолго од 15 дена. Доколку осигуреникот (во случајов градоначалникот) не се врати на работа по истекот на датумот одреден од комисијата (30 мај), работодавачот или други надлежни државни институции имаат право да побараат вонредна контрола и да покренат постапка за утврдување на евентуална злоупотреба на системот за здравствена заштита.

Објави 4news mk



Поврзани содржини

Филипче: На Самитот во Тиват ЕУ испрати порака дека вратите се отворени, не смееме да ја пропуштиме шансата

6 јуни 2026

Шиловиќ: Прогресивните сили од регионот со заедничка осуда на авторитарните влијанија и заканите врз демократијата

6 јуни 2026

Уапсен скопјанец – се заканувал на социјална работничка

6 јуни 2026
НАЈНОВО

Филипче: На Самитот во Тиват ЕУ испрати порака дека вратите се отворени, не смееме да ја пропуштиме шансата

6 јуни 2026

Папата Лав во Шпанија: Светот повикува на мир

6 јуни 2026

Шиловиќ: Прогресивните сили од регионот со заедничка осуда на авторитарните влијанија и заканите врз демократијата

6 јуни 2026

Уапсен скопјанец – се заканувал на социјална работничка

6 јуни 2026

Во Кремљ средба Путин – Шредер

6 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.