Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Унгарија ги ограничува дозволите за вработување работници од земји надвор од ЕУ

6 јуни 2026

Алиу без конкретен одговор дали ќе има внатрешни проверки за фантом вработени

6 јуни 2026

Утре СДСМ ќе одржува Конгрес: „Нова идеолошка платформа и програмска рамка

6 јуни 2026

Израел нападнал околу 150 позиции на Хезболах во јужен Либан за 48 часа

6 јуни 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

6 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

СДK: ПАЗАРНАТА ИНСПЕКЦИЈА ЗАТВОРИ ПОВЕЌЕ ЛОКАЛИ ВО ОХРИД, ХОТЕЛИЕРИТЕ ВЕЛАТ ВАКА НЕ СЕ ГРАДИ ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА

Press OnlineBy Press Online6 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


На самиот почеток на туристичката сезона повеќе угостителски објекти во Охрид се затворени по контролите на Државниот пазарен инспекторат.



Според угостителите, најстрогите инспекциски мерки не се соодветно решение во период кога туристичките центри се подготвуваат за најголемиот број посетители. Тие не го оспоруваат правото на институциите да ги санкционираат прекршителите, но предупредуваат дека затворањето објекти во екот на сезонските подготовки може негативно да се одрази врз туристичката понуда и имиџот на дестинацијата.

Од Асоцијацијата на хотелиери на Македонија (ХОТАМ) сметаат дека се потребни пофлексибилен пристап и поголемо користење мерки како опомени и парични казни, наместо привремено затворање објекти во период кога тие остваруваат најголем дел од годишниот промет. Претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажевски, вели дека туристичката сезона е премногу кратка за на самиот почеток да се применуваат ригорозни мерки.

„Не можеме да кажеме дека е во ред да се затвораат објекти во јуни, јули и август, особено ако се има предвид дека сезоната е многу кратка. Целата дестинација изгледа подобро кога сите објекти се уредени, отворени и во функција. Кога нешто е затворено, тоа остава лош впечаток кај туристите и тие се прашуваат зошто не работи. Паричните казни се законска мерка и тоа го разбираме, но самото затворање не е добро решение. Ние и онака сме затворени три до четири месеци во годината кога нема работа, а кога конечно доаѓа периодот во кој објектите треба да остварат приход за сопствениците, вработените и државата, тие се затвораат и на крајот сите губат“, вели Блажевски.

Иако инспекциските контроли имаат за цел да обезбедат почитување на законите и еднакви услови за работа на сите субјекти, угостителите предупредуваат дека затворањето ресторани и кафулиња во овој период може негативно да се одрази врз туристичката слика на дестинацијата. Според нив, намалувањето на бројот на отворени угостителски објекти значи и помал избор за посетителите, особено во денови кога се очекува зголемен број гости.

Според Блажевски, потребно е да постојат механизми за санкционирање на прекршителите, но зачудува фактот што и покрај законската можност за изрекување опомена, таа речиси воопшто не се применува.

„Се оди директно на казна, се оди директно на затворање, се применуваат најстрогите мерки. Тука треба да има поголема флексибилност. Дали ќе се воведат повисоки парични казни или други санкции е прашање за надлежните, но затворањето на угостителски објекти не нè прави поатрактивна туристичка дестинација на пазарот“, вели Блажевски.

Од туристички аспект, ваквите мерки можат да влијаат и врз квалитетот на услугите што им се нудат на туристите. Доколку дел од објектите се затворени, преостанатите работат со зголемен притисок, што може да доведе до подолги чекања, намален капацитет и до незадоволство кај посетителите.

Странски туристи од Германија кои престојуваат во Охрид велат дека затворањето на дел од угостителските објекти на самиот почеток на сезоната остава негативен впечаток и може да влијае врз целокупното доживување на градот.

„Кога видовме дека неколку локали се затворени, прво помисливме дека има некаков проблем. Како туристи не знаеме дали станува збор за инспекција или нешто друго. Секако дека е важно да се почитуваат правилата, но не остава добар впечаток кога во екот на сезоната гледате затворени објекти во туристички центар“, велат туристите.

Експертите оценуваат дека е клучно инспекциските контроли да бидат континуирани во текот на целата година, а не само во шпицот на сезоната.



Поврзани содржини

Алиу без конкретен одговор дали ќе има внатрешни проверки за фантом вработени

6 јуни 2026

Утре СДСМ ќе одржува Конгрес: „Нова идеолошка платформа и програмска рамка

6 јуни 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

6 јуни 2026
НАЈНОВО

Унгарија ги ограничува дозволите за вработување работници од земји надвор од ЕУ

6 јуни 2026

Алиу без конкретен одговор дали ќе има внатрешни проверки за фантом вработени

6 јуни 2026

Утре СДСМ ќе одржува Конгрес: „Нова идеолошка платформа и програмска рамка

6 јуни 2026

Израел нападнал околу 150 позиции на Хезболах во јужен Либан за 48 часа

6 јуни 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

6 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.