Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Во Кочани се одржа 45. Марш за ангелите

6 јуни 2026

Досега потврдени речиси 500 случаи на ебола во Централна Африка

6 јуни 2026

И Здравје и Работа: Време е институциите за „Иловица – Штука“ да одлучуваат врз основа на факти, а не на притисоци

6 јуни 2026

Ајкула усмрти маж во Австралија

6 јуни 2026

Лишен од слобода кумановец поради предизвикување пожар

6 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, јуни 6
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Филипче: На Самитот во Тиват ЕУ испрати порака дека вратите се отворени, не смееме да ја пропуштиме шансата

Press OnlineBy Press Online6 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Процесот на европска интеграција влегува во клучна фаза која државата не смее да ја пропушти, оцени денеска претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на прес-конференција во рамки на меѓународната конференција „Скопска иницијатива“.

Како што соопштуваат од СДСМ, Филипче, осврнувајќи се на пораките од самитот за Западен Балкан на Европската Унија во Тиват, посочи дека на самитот е испратен јасен сигнал дека Западниот Балкан припаѓа во Европската Унија и дека за првпат се отвораат нови, олеснети механизми за приближување кон членство.

– После вчерашниот самит за Западен Балкан на Европската Унија во Тиват во којшто за првпат вака јавно и во оваа форма сите земји членки на Европската Унија кажуваат дека Западниот Балкан припаѓа во Европа, нудат механизми за првпат со коишто се олеснува нашата евроинтеграција и со коишто бенефитите од членство се добиваат многу повеќе и се чувствуваат дури и за време на преговорите, а не откако земјата ќе стане членка на Европска Унија – порача Филипче.

Според него, „отворената врата“ мора да се искористи без одложување, бидејќи станува збор за иднината на државата и животниот стандард на граѓаните.

– Да не ја испуштиме шансата затоа што сепак станува збор за иднината на државата, за благосостојбата и квалитетот на живот на граѓаните кои живеат тука, коишто со децении го чекаат овој момент – нагласи Филипче.

Осврнувајќи се на претходните искуства во евроинтегративниот процес, Филипче потсети дека земјата веќе се соочила со блокади и разочарувања.

-Сме имале многу разочарување во минатото, имало разочарување и од Европската Унија. Едно од тоа беше ветото на Франција пред неколку години кога сите очекувавме да се случи почеток на преговори, но тоа не се случи. Но сега треба да се направи чекор и да се почне со преговорите и отворањето на поглавјата – рече Филипче.

Додаде дека иднината на целиот регион е во Европската Унија и дека европската перспектива мора заеднички да се реализира.

– Иднината на Европската Унија е вклучувањето на Западен Балкан и вклучувањето на Република Северна Македонија како полноправни членки. Исто така иднината на Северна Македонија е во Европската Унија и иднината на целиот регион е во Европската Унија. Овие два процеси заеднички треба да се одвиваат и конечно да го обединат целиот континент – додаде Филипче



Поврзани содржини

Во Кочани се одржа 45. Марш за ангелите

6 јуни 2026

И Здравје и Работа: Време е институциите за „Иловица – Штука“ да одлучуваат врз основа на факти, а не на притисоци

6 јуни 2026

Лишен од слобода кумановец поради предизвикување пожар

6 јуни 2026
НАЈНОВО

Во Кочани се одржа 45. Марш за ангелите

6 јуни 2026

Досега потврдени речиси 500 случаи на ебола во Централна Африка

6 јуни 2026

И Здравје и Работа: Време е институциите за „Иловица – Штука“ да одлучуваат врз основа на факти, а не на притисоци

6 јуни 2026

Ајкула усмрти маж во Австралија

6 јуни 2026

Лишен од слобода кумановец поради предизвикување пожар

6 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.