Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Во Кочани се одржа 45. Марш за ангелите

6 јуни 2026

Досега потврдени речиси 500 случаи на ебола во Централна Африка

6 јуни 2026

И Здравје и Работа: Време е институциите за „Иловица – Штука“ да одлучуваат врз основа на факти, а не на притисоци

6 јуни 2026

Ајкула усмрти маж во Австралија

6 јуни 2026

Лишен од слобода кумановец поради предизвикување пожар

6 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, јуни 6
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Шиловиќ: Прогресивните сили од регионот со заедничка осуда на авторитарните влијанија и заканите врз демократијата

Press OnlineBy Press Online6 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



 

Во рамки на денешната меѓународна конференција на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Корчуланската висока политичка школа, на која беше промовирана „Скопската иницијатива“, социјалдемократските и прогресивни партии од регионот и Европа усвоија заедничка изјава со која се осудуваат дестабилизирачките активности, авторитарни влијанија и хибридните закани насочени кон соседните земји и демократските институции во регионот.

На прес-конференцијата Даша Шашиќ Шиловиќ, од Корчуланската висока политичка школа, посочи дека оваа изјава се однесува и на обидот од структурите поврзани со режимот на претседателот Вучиќ за дестабилизација на Црна Гора.

„Учесниците усвоија заедничка изјава со која ги осудуваат дестабилизирачките активности, авторитарни влијанија и хибридните закани насочени кон соседните земји и демократските процеси во регионот, вклучувајќи ги и неодамнешните обиди за дестабилизација на Црна Гора. Таквите дејствија се неспоиви со принципите на регионалната соработка, демократијата, владеењето на правото и вредностите на прогресивното европско семејство“, рече Шашиќ Шиловиќ.

Воедно таа додаде дека зајакнувањето на регионалната соработка на прогресивните сили е клучно за справување со авторитарните тенденции, корупцијата и сите форми на политичко влијание кои го забавуваат демократскиот развој и европската интеграција на земјите од регионот.

„Ги повикуваме сите демократски и прогресивни актери да застанат цврсто против сите обиди да се поткопа регионалната стабилност, демократските процеси и европската иднина на Западен Балкан“, рече Шашиќ Шиловиќ.

На прес-конференцијата Шашиќ Шиловиќ говореше и за развојот и значењето на регионалните прогресивни мрежи и нагласи дека тие се создадени како платформи за дијалог и соработка меѓу прогресивните сили од регионот и нивните европски партнери, со јасна цел да придонесат кон развојот на демократијата и да се спротивстават на заканите што ја поткопуваат европската перспектива на државите.

„Нашата цел беше да придонесеме за развојот на демократијата, да се спротивставиме на авторитарните тенденции, на антидемократските практики и на штетното влијание на корупцијата и екстремната десница, кои ги поткопуваат институциите, експертскиот потенцијал и европската перспектива на нашите држави. Токму затоа ги здруживме силите за да ја зајакнеме регионалната соработка, да ги поддржиме позитивните демократски процеси и да ја поттикнеме европската интеграција на регионот. Нашата цел не е само да станеме дел од Европската Унија, туку и активно да придонесеме за посилна и пообединета Европа“, рече Шашиќ Шиловиќ.

Притоа, таа нагласи дека „Скопската иницијатива“ претставува потврда на заедничката посветеност на прогресивните актери кон демократските вредности, регионалната соработка и европската иднина на Западен Балкан.

„Денешната средба е значајна затоа што ја потврдува нашата посветеност на регионалната соработка, демократските вредности и европската иднина на Западен Балкан“, рече Шашиќ Шиловиќ.



Поврзани содржини

Во Кочани се одржа 45. Марш за ангелите

6 јуни 2026

И Здравје и Работа: Време е институциите за „Иловица – Штука“ да одлучуваат врз основа на факти, а не на притисоци

6 јуни 2026

Лишен од слобода кумановец поради предизвикување пожар

6 јуни 2026
НАЈНОВО

Во Кочани се одржа 45. Марш за ангелите

6 јуни 2026

Досега потврдени речиси 500 случаи на ебола во Централна Африка

6 јуни 2026

И Здравје и Работа: Време е институциите за „Иловица – Штука“ да одлучуваат врз основа на факти, а не на притисоци

6 јуни 2026

Ајкула усмрти маж во Австралија

6 јуни 2026

Лишен од слобода кумановец поради предизвикување пожар

6 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.