Американскиот Стејт департмент одобрија продажба на поморски хеликоптери „Сихок“ на Нов Зеланд во вредност од 1,5 милијарди долари.
– Предложената продажба ќе ја зголеми способноста на Нов Зеланд да одговори на сегашните и идните закани и да обезбеди поголема заштита на критичната инфраструктура, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Нов Зеланд, сојузник на Австралија сè почесто учествува во воените активности во Источна Азија.
Купувањето на хеликоптерите „Сихок“ е дел од планот на централно-десничарската влада на Нов Зеланд за 2025 година за зголемување на трошоците за одбрана за девет милијарди новозеландски долари (околу пет милијарди американски долари) во текот на четири години и речиси двојно зголемување на два отсто од бруто-домашниот производ во текот на следните осум години.
Велингтон минатиот месец обезбеди дополнителни 1,58 милијарди новозеландски долари (916 милиони американски долари) за одбраната, како дел од иницијативата за модернизација на вооружените сили Нов Зеланд.

