Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

ОЈО- Обид за убиство поради банална сообраќајка во Скопје – се бара притвор за двајца браќа

7 јуни 2026

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид

7 јуни 2026

32 Конгрес на СДСМ: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

7 јуни 2026

Кривична пријава за дебранец кој возел без возачка, пијан ги нападнал полицајците

7 јуни 2026

Според излезните анкети најмногу гласови на изборите во Косово доби Самоопределување

7 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Телма: Фирмата заради која Богоев заврши во притвор и годинава добила тендер од Царинската управа вреден 420 илјади евра

Press OnlineBy Press Online7 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



По жалбата на одбраната на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, кој се гони дека примил награда од околу 1800 евра ќе се одлучува од утре.

Кривичниот суд на Богоев му одреди притвор од 30 дена во рамки на истрагата за местење на тендер вреден над 300 илјади евра кој го добила битолската фирма „РЕМОНДИС МЕДИСОН“ за надворешно одржување на хигиена на гранични премини и терминали.

„По однос на жалбата на осомничениот С.Б., известуваме дека во петокот истата е доставена до обвинителството и јавниот обвинител се уште нема дадено мислење. По комплетирање на списите, судија на претходна постапка, предметот ќе го достави до кривичниот совет на одлучување.“ – соопшти Кривичен суд.

Меѓу уапсените е и Димитар Геогиевски, кој бил управител на битолската фирма која според податоците на бизнис мрежа лани во јуни го променила седиштето и оттогаш се наоѓа во Скопје. Георгиевски до денес е овластен директор на „Ремондис Медисон“ која само ја сменила адресата во главниот град.

Добивала тендери и за време на поранешната и сегашната власт. Оваа година еден од договорите на фирмата, кој е и со највисока вредност од сите останати е со Царинската управа. Овој пат за внатрешно одржување на хигиена на деловните објекти на управата. Договорот вреден од околу 420 илјади евра го потпишува наследникот на Богоев на функцијата Бобан Николовски.

Ова не е единствен договор потпишан од Николовски. И во јануари 2025 година „Ремондис Медисон“ била ангажирана од Царинската управа за внатрешно одржување хигиена и одвоз на смет на заеднички граничен премин Белановце Станчиќ за околу 8000 евра.

Дејноста на фирмата е поинаква  е собирање на безопасен отпад. Од почетокот на годинава Ремондис Медисон добила 26 тендери со разни институции. Вкупно се вредни над 80 милиони денари или околу 1 милион и 300 илјади евра. Минатата година ја завршила со добивка од над 327 илјади евра.

Втор по вредност договор после тој со Царинската управа годинава е со Министерство за одбрана за одржување на хигиена во објектите на министерството  и генралштабот на армијата од околу 270 илајди евра. „Ремондис Медисон“ ја одржува и хигиената на државните клиники за 150 илјади евра.

Освен Георгиевски, осомничен е и вработен во фирмата прилепчанецот Александар Спирковски познат како Џемо. Токму Спирковски заедно со Георгиевски, според кривичаната пријава влијаеле кај четвртиот осомничен Семир Мура кој бил помошник директор во Царинската управа. Тие на него и на Богоев им ветиле подарок за да ја фаворизираат Ремондис Медисон на тендерот.

Осомничените се гонат за повеќе кривични дела- Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, Примање награда за противзаконито влијание и Давање награда за противзаконито влијание.



Поврзани содржини

ОЈО- Обид за убиство поради банална сообраќајка во Скопје – се бара притвор за двајца браќа

7 јуни 2026

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид

7 јуни 2026

32 Конгрес на СДСМ: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

7 јуни 2026
НАЈНОВО

ОЈО- Обид за убиство поради банална сообраќајка во Скопје – се бара притвор за двајца браќа

7 јуни 2026

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид

7 јуни 2026

32 Конгрес на СДСМ: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

7 јуни 2026

Кривична пријава за дебранец кој возел без возачка, пијан ги нападнал полицајците

7 јуни 2026

Според излезните анкети најмногу гласови на изборите во Косово доби Самоопределување

7 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.