Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Случај „Мазут“: Може ли да има кривично дело ако нема утврдена штета?

7 јуни 2026

Филипче: На што ќе се вади сега Мицкоски после пораките на Мерц и Макрон?

7 јуни 2026

Унгарија ги ограничува дозволите за вработување работници од земји надвор од ЕУ

6 јуни 2026

Алиу без конкретен одговор дали ќе има внатрешни проверки за фантом вработени

6 јуни 2026

Утре СДСМ ќе одржува Конгрес: „Нова идеолошка платформа и програмска рамка

6 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Филипче: На што ќе се вади сега Мицкоски после пораките на Мерц и Макрон?

Press OnlineBy Press Online7 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

За позитивните пораки од германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон дека за Западен Балкан има место во Европската Унија, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека власта повеќе нема изговори за блокирањето на европската перспектива на државата и го повика премиерот Мицкоски да каже што ќе прави сега после оваа позитивна реторика.

„Премиерот треба да каже што ќе направи тој, еве кога веќе е јасно позитивна реториката. Што ќе направи следно? Сега кога очигледно е дека Црна Гора оди напред, Албанија исто така. На што сега ќе се извади владата? Што е тоа што ќе го побара? На што повеќе нема да верува после ваквите изјави и на Макрон и на Мерц?“, истакна Филипче, осврнувајќи се на пораките испратени од самитот во Тиват.

Тој посочи дека не е случајно што пораките од европските лидери се толку јасни и директни.

„Не е случајно што е така јасно симплифицирана, јасна и гласна пораката од Тиват. Зошто? Поради тоа што на тој начин се разобличуваат лагите на авторитарните режими, како кај нас така и во регионот“, рече Филипче.

Тој потсети дека две години претставници на власта тврдат дека Европската Унија нема намера да го продолжи процесот на проширување.

„Две години наназад слушаме од високи претставници на власта, од премиерот, од вицепремиерот, од претседателот на Комисијата за европски прашања дека во Европската Унија нема никаква намера да се продолжи процесот на проширување“, нагласи Филипче.

Според него, токму затоа европските лидери испраќаат јасна порака до граѓаните на Западен Балкан да не подлегнуваат на лажните кампањи дека Европа не ги сака.

„Очигледно е дека високите претставници, конкретно претседателот на Франција и канцеларот на Германија, решиле дека на граѓаните на Западен Балкан треба јасно да им се упати пораката дека не треба да им се верува на лажните пропаганди и лажните кампањи дека во Европа не нè сакаат“, истакна Филипче.

„Две години наназад слушаме од високи претставници на власта, од премиерот, од вицепремиерот, од претседателот на Комисијата за европски прашања дека во Европската Унија нема никаква намера да се продолжи процесот на проширување“, нагласи Филипче.

Според него, токму затоа европските лидери испраќаат јасна порака до граѓаните на Западен Балкан да не подлегнуваат на лажните кампањи дека Европа не нè сака.

Тој додаде дека канцеларот Мерц испратил недвосмислена порака до регионот.

„Канцеларот Мерц јасно, гласно и недвосмислено кажува: вие сте добредојдени во Европската Унија. Со тоа се разобличува уште една од низата лаги на премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ изминативе две години дека што и да направиме, во Европа не сме добредојдени“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ оцени дека по ваквите пораки власта повеќе нема алиби за своите политики.

„После вакви јасни и недвосмислени пораки немаат луѓето повеќе што да кажат. Немаат повеќе на кој изговор да се извадат дека во Европа не нè сакаат. Очигледно е дека оваа влада е

антиевропска“, порача Филипче.

Филипче, Европската Унија конечно јасно го маркира проширувањето како еден од своите стратешки приоритети, а Македонија не смее да ја пропушти оваа историска можност поради политиките на актуелната власт.

Поврзани содржини

Случај „Мазут“: Може ли да има кривично дело ако нема утврдена штета?

7 јуни 2026

Алиу без конкретен одговор дали ќе има внатрешни проверки за фантом вработени

6 јуни 2026

Утре СДСМ ќе одржува Конгрес: „Нова идеолошка платформа и програмска рамка

6 јуни 2026
НАЈНОВО

Случај „Мазут“: Може ли да има кривично дело ако нема утврдена штета?

7 јуни 2026

Филипче: На што ќе се вади сега Мицкоски после пораките на Мерц и Макрон?

7 јуни 2026

Унгарија ги ограничува дозволите за вработување работници од земји надвор од ЕУ

6 јуни 2026

Алиу без конкретен одговор дали ќе има внатрешни проверки за фантом вработени

6 јуни 2026

Утре СДСМ ќе одржува Конгрес: „Нова идеолошка платформа и програмска рамка

6 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.