Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Марјан Даскаловски поднесе оставка од претседател на Општинската организација на СДСМ во Струмица

9 јуни 2026

„Журнал“: Кушнер се повлекува од Сазан, ресортот ќе го гради на Миконос?

9 јуни 2026

Првиот, но важен чекор е направен – Костадинов ја поздрави оставката на претседателот на Општинската организација на СДСМ во Струмица

9 јуни 2026

Силен ветер го скинал проводното јаже на далекуводот Охрид-Струга, снабдувањето сега е стабилизирано

8 јуни 2026

Силиконската Долина ги прегрна политиките на МАГА

8 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Дали Протоколот 2 со Бугарија погрешно се интерпретира во македонската јавност – прашање до шефицата на државата

Press OnlineBy Press Online8 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



360°: Вие како го читате Протоколот 2, позицијата на историската комисија и давањето резултати од нејзината работа во контекст на пристапниот процес?

Силјановска-Давкова: Како го читам Протоколот 2? Протоколот 2 го читам како записник, записник на двајца министри за надворешни работи, записникот ниту бил ниту ќе може да биде правен инструмент за дополна на Договорот за пријателство и добрососедство. А тој и тоа го прави, бидејќи во членот 12 не пишува дека треба ние да го менуваме Уставот, ниту ги пишува оние други барања во точката 2 и 3 во поглед на говорот на омраза, во поглед на отворањето на архивите, рехабилитации.

360°: А зошто тогаш не тргнавте во уставни измени ако тој нема тежина како што велите?

Силјановска-Давкова: Еве нека може и една од варијантите, може и записник 3 или протокол 3, па таму да се каже дека идентитетските прашања нема да бидат…

360°: Зошто не тргнавте во уставни измени ако статусот на протоколот е таков каков што вие велите, ако тој не произведува според вас обврски?

Силјановска-Давкова: Ама сега сами си противречивте. За мене не може да произведе, но јас не сум Уставен суд. Само Уставен суд може да каже дека нешто не е уставно. Инаку, не треба да сте правник за да знаете дека не може меѓународен договор да се смени со записник од двајца луѓе. Ама некој тоа го прифатил и некој нè убедуваше дека тоа бил волшебниот „шифтинг“ од малцински права на човекови права. Но, потоа ние чувме еден демант од еден прилично искусен и умен политичар како господинот Радев, дека дури цела година му требала, значи сериозен проблем имало штом цела година му требала на господинот Радев за да го убеди господинот Макрон дека тоа што е запишано во Протоколот треба да стане дел од Преговарачката рамка и од заклучоците.

360°: Кога Ве прашав за Протоколот, мислев повеќе на местото и улогата на историската комисија, бидејќи се чини дека таа создава најмногу вознемирување во македонската јавност.

Силјановска-Давкова: Не само во македонската јавност. Таа создава грижа и во перцепцијата на многуте добри искуства на комисии. Француско-германската, полско-германската оти тие комисии расправаат, прво немаат временска рамка и не може од нив да зависи членство. Сè за да се разбереме едни со други. На тоа инсистирам.

360°: Во Протоколот нема вординг на наметнување, на условување, туку има вординг на охрабрување. И да речеме, таа клучна одредба којашто сите ја цитираат, дека историската комисија, сега ја парафразирам, треба да ја заврши својата работа до моментот на членство на Македонија во ЕУ, е напишана со вординг на охрабрување – дека двете влади, двете држави ја охрабруваат Комисијата да ја заврши својата работа. Не и налагаат.

Силјановска-Давкова: Па не може да охрабрите комисија историска, замислете, историчари неколкумина да пишуваат односно да креираат историја на двете држави преку договор. Па тоа е директно спротивно на логиката на научникот.

360°: Ама тие не мора да креираат. Според вордингот, не мора.

Силјановска-Давкова: Е па некој го внел тоа после една година убедување… знаете ли која е причината?

360°: Ама охрабрување не е условување, не е наметнување.

Силјановска-Давкова: Да, ама сега вие велите дека Преговарачката рамка мораме да ја оствариме. Тогаш е тоа значи нешто што мора да се оствари.

360°: Во Протоколот има динамика на работа на историската комисија, но нема конкретни условувања за тоа што треба како резултат да се добие.

Силјановска-Давкова: Е па тогаш двајцата министри за надворешни работи, односно оној којшто побарал, еве господинот Радев, да биде дел од Преговарачката рамка и оној којшто прифатил, според „филозофијата на Пинки го виде Тито“ морам да кажам, се восхитиле веројатно од господинот Макрон. И што велат во разговорите со мене луѓето? Па кога ние видовме дека има согласност да влезе ова во Преговарачка рамка и во заклучоци, сметавме дека е тоа bona fide, дека е во интерес на обете страни. Така тврделе нашите претставници и премиерот и претседателот.

360°: Претседателке, ако Комисијата треба да работи, а не мора да испорача резултати, тогаш каде е проблемот?

Силјановска-Давкова: Па затоа јас велам нека биде како другите комисии.

360°: Така пишува во Протоколот.

Силјановска-Давкова: Ама ставено е сега.

360°: Ама ставено е со охрабрување, не со условување.

Силјановска-Давкова: Е па некој не знам, некој многу се охрабрил, а некој целосно се обесхрабрил и влегло тоа. И сега јас треба да го реализирам или некој друг.

360°: Дали погрешно се интерпретира Протоколот во нашата јавност?

Силјановска-Давкова: И тоа е можно. И тоа е можно. Не знам дали погрешно, ама штом станало дел од Преговарачката рамка и штом за неа гласале 27 држави, тогаш ирелевантна е вашата логична мисла.

360°: Не е ирелевантна. Она што е влезено во Преговарачката рамка е Протоколот. Во Протоколот пишува дека Историската комисија треба да работи со одредена динамика. Има број на средби на годишно ниво. Се охрабрува да ја заврши својата работа до влезот на Македонија во ЕУ. Се охрабрува.

Силјановска-Давкова: Да, ама пишува и дека треба да направиме уставни измени за да ги почнеме, за да ја одржиме втората.

360°: Ама тоа нели не е најтешкото прашање? Најтешкото прашање е тоа што следува по уставните измени, така зборуваше власта цело време.

Силјановска-Давкова: Ама чекајте, така зборуваше власта, меѓутоа некој го внел ова внатре, а не можело и не требало да го внесе, туку требало да остави да си разговараат комисиите. И еднаш годишно двајцата министри исто да видат до каде сме, што сме, дали навистина нашиот сосед, а очекувам јас ќе ни помага со сопственото искуство на патот во ЕУ, ќе нè охрабрува, ќе нè штити. Ќе најдеме некое решение.

360°: Не, можеби треба да се препрочитаат уште еднаш документите?

Силјановска-Давкова: Па еве може да ги препрочитаат. Затоа велам јас интерпретација – можна е политичка, можна е правна. Неслучајно господинот Вајц побара интерпретација.

360°: Мојот впечаток е дека ние во нашата домашна дебата ја изгубивме како се вика…

Силјановска-Давкова: Смислата за интерпретација.

360°: Па и дека погрешно интерпретираме дел од документите. Но, може да е само мој впечаток.

Силјановска-Давкова: Ова е охрабрувачки вака Васко, да. Се надевам дека тие што се најгласни ќе го земат предвид, не сум цинична.



Поврзани содржини

Марјан Даскаловски поднесе оставка од претседател на Општинската организација на СДСМ во Струмица

9 јуни 2026

Првиот, но важен чекор е направен – Костадинов ја поздрави оставката на претседателот на Општинската организација на СДСМ во Струмица

9 јуни 2026

Силен ветер го скинал проводното јаже на далекуводот Охрид-Струга, снабдувањето сега е стабилизирано

8 јуни 2026
НАЈНОВО

Марјан Даскаловски поднесе оставка од претседател на Општинската организација на СДСМ во Струмица

9 јуни 2026

„Журнал“: Кушнер се повлекува од Сазан, ресортот ќе го гради на Миконос?

9 јуни 2026

Првиот, но важен чекор е направен – Костадинов ја поздрави оставката на претседателот на Општинската организација на СДСМ во Струмица

9 јуни 2026

Силен ветер го скинал проводното јаже на далекуводот Охрид-Струга, снабдувањето сега е стабилизирано

8 јуни 2026

Силиконската Долина ги прегрна политиките на МАГА

8 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.