Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

25 јуни 2026

Крим во карантин, а Путин призна „огромен прилив“ на украински дронови

25 јуни 2026

Утковски: Љупчо Палевски е најдобар здравствено и не чувствува вина, Крмзов е во Систина а таткото на малата Катја е под видео надзор

24 јуни 2026

СДСМ бара „ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма“

24 јуни 2026

Руте ја поддржува политиката на САД кон Иран

24 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Предупредување од ЕК до Албанија: Спорниот туристички проект може да го загрози патот кон членството

Press OnlineBy Press Online8 јуни 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Европската комисија ја предупреди Албанија дека контроверзниот туристички проект во заштитеното подрачје Вјоса-Нарта, кој се поврзува со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, би можел да влијае врз нејзиниот напредок на патот кон членство во Европската Унија, објави Ора њуз, повикувајќи се на Политико.

Предупредувањето доаѓа во период кога во Албанија повеќе дена траат протести против изградбата на луксузен туристички комплекс во регионот, кој е познат по богатата флора и фауна, вклучувајќи фламинга, медитерански мечки и морски желки.

Според телевизијата, од Европската комисија порачале дека Албанија треба да се воздржи од активности кои би можеле да го загрозат исполнувањето на условите од Поглавјето 27, кое се однесува на животната средина и климатските промени.

-Брисел побара од албанските власти целосно усогласување на законодавството со европските правила за заштита на природните живеалишта и птиците, како и укинување на измените во Законот за заштитени подрачја и преиспитување на Законот за стратешки инвестиции, додава телевизијата.

Од Европската комисија потврдиле дека албанскиот министер за животна средина Софјан Јаупај информирал дека работите на проектот се стопирани и дека ќе биде спроведена процена на влијанието врз животната средина со учество на граѓански организации.

Наспроти ова премиерот Еди Рама, вчера во сопствениот поткаст и  во реакција по протестот, доцна синоќа, повтори дека нема ништо да ја попречи реализацијата на овој проект, кој „Албанија ќе ја направи шампион во туризмот”

Специјалното обвинителство за борба против корупција и организиран криминал (СПАК) веќе информираше дека во тек е истрага за промените на статусот на заштитеното подрачје донесени во 2024 година само со гласовите на социјалистите, како и сопственоста на земјиштето поврзано со проектот. 

Во меѓувреме протестите  кои организаторите ги нарекоа „Револуција на фламингата“, добија поддршка и од албанската дијаспора во повеќе европски градови и во САД.

Синоќа во Тирана беше одржан осмиот протест а за 10 јуни најавен е сенационален протест.

Поврзани содржини

Урнат облакодерот „Вјесник“, некогаш симболот на Загреб

24 јуни 2026

Хакерски напад на Плитвице: Картичките се одбиваат, продавниците се затворени…

24 јуни 2026

Во Албанија во првиот квартал директните странски инвестиции достигнале 404 милиони евра

24 јуни 2026
НАЈНОВО

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

25 јуни 2026

Крим во карантин, а Путин призна „огромен прилив“ на украински дронови

25 јуни 2026

Утковски: Љупчо Палевски е најдобар здравствено и не чувствува вина, Крмзов е во Систина а таткото на малата Катја е под видео надзор

24 јуни 2026

СДСМ бара „ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма“

24 јуни 2026

Руте ја поддржува политиката на САД кон Иран

24 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.