Според информациите на СВР-Охрид, вчера е пријавено дека, при извршување градежни работи на кров на една од зградите на Меѓународниот аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, паднал и со тешки телесни повреди се здобил еден работник, кој бил пренесен и задржан во болницата „Св. Еразмо“ на понатамошно лекување.

Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека се работи за З.П.(44) од Кавадарци.
Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.

