Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Изградба на шест автопатски делници, најавен почеток на работите и за Скопје – Блаце и Кичево – Букојчани

9 јуни 2026

Киев ја отстрани статуата на Михаил Булгаков, неговиот најпознат писател

9 јуни 2026

 Единствена Македонија со остра реакција: Се воспоставива неточна поврзаност меѓу партијата и случајот поврзан со наплатата во локалитетот Куклица

9 јуни 2026

Мицкоски за повикот до Савески: Логично е да барам отчет, јас ќе му се јавувам и во иднина,што има чудно во тоа?

9 јуни 2026

Повеќе од 100 лица починаа од ебола во Конго

9 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Мицкоски за повикот до Савески: Логично е да барам отчет, јас ќе му се јавувам и во иднина,што има чудно во тоа?

Press OnlineBy Press Online9 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 



Премиерот Христијан Мицкоски изрази чудење за реакциите во јавноста откако се дозна дека телефонски контактирал со републичкиот јавен обвинител, Ненад Савески, објави 4news.mk

 

Поводот за разговорот беше одлуката на обвинителката Катерина Коларевиќ да го затвори случајот со злоупотребите со мазут поради недостиг на докази – потег кој претходно предизвика сериозен шок и незадоволство во извршната власт.

Одговарајќи на новинарски прашања за потенцијално мешање во правосудството, Мицкоски направи јасна дистинкција меѓу судската и обвинителската власт, нагласувајќи дека не гледа ништо спорно во комуникацијата со првиот човек на Обвинителството.

„Не знам што е чудно што сум се слушнал со јавниот обвинител, не можам да разберам. Друго се судиите, судската власт е сосема самостојна. Но, јавниот обвинител го предлагаме ние како Влада, а го избира Парламентот. Логично е да барам отчет од него“, дециден е премиерот.

Најава за нови истраги Мицкоски ги откри и деталите од разговорот со Савески, посочувајќи дека се распрашувал до каде се актуелните предмети. Според неговите зборови, обвинителот го информирал дека 80 проценти од претходно нераспределените предмети веќе се дадени во работа, што значи отворање на нови предистраги и истраги.

„Не гледам зошто од тоа се направи врева. Сум разговарал со јавниот обвинител? Ќе разговарам и во иднина, тоа ми е работа – да го прашувам што е, како е и до каде е. Го предложила Владата што јас ја водам, го избрале пратеничките групи од владината коалиција и нормално е да се интересирам за процесите“, заклучи Мицкоски.

 



Поврзани содржини

Изградба на шест автопатски делници, најавен почеток на работите и за Скопје – Блаце и Кичево – Букојчани

9 јуни 2026

 Единствена Македонија со остра реакција: Се воспоставива неточна поврзаност меѓу партијата и случајот поврзан со наплатата во локалитетот Куклица

9 јуни 2026

Јакимовски ќе треба да лежи 7 месеци во затворот во ,,Шутка”, бидејќи 5 месеци помина во притвор

9 јуни 2026
НАЈНОВО

Изградба на шест автопатски делници, најавен почеток на работите и за Скопје – Блаце и Кичево – Букојчани

9 јуни 2026

Киев ја отстрани статуата на Михаил Булгаков, неговиот најпознат писател

9 јуни 2026

 Единствена Македонија со остра реакција: Се воспоставива неточна поврзаност меѓу партијата и случајот поврзан со наплатата во локалитетот Куклица

9 јуни 2026

Мицкоски за повикот до Савески: Логично е да барам отчет, јас ќе му се јавувам и во иднина,што има чудно во тоа?

9 јуни 2026

Повеќе од 100 лица починаа од ебола во Конго

9 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.