Полицијата, денеска, околу 8:35 часот добила пријава дека мал авион се урнал во Врсар, во близина на аеродромот.
Едно лице е повредено, а сите служби за итни случаи се испратени на местото на настанот, соопшти полицијата.
Минатата седмица, мал авион падна во близина на Пула, кај аеродромот Медулин, при што загинаа четворица Австријци.

